Свет
Во САД уделот на белците до 2060-та паѓа на 43 отсто
Остриот пораст на американските хиспанци и азијати драматично ќе го променат демографскиот изглед на САД во текот на следните 50 година и ниедна етничка група нема да биде во мнозинство.
Ова го покажуваат податоците на американската сојузна канцеларија за статистика според кои, американската нација покажува тренд на стареење, како и забавување на растот на населението.
До 2060 година, белците ќе сочинуваат 43 отсто од американското население и нивната бројност ќе изнесува 179 милиони, а бројот на сегашните американски малцинства, коишто ќе сочинуваат по половина век 57 отсто до вкупното население во САД, во периодот од 212 до 2060 година, ќе порасне од 116,2 милиони на 241,3 милиони, од што 128,8 милиони ќе бидат хиспанци. Малцинствата, инаку, во моментов се 37 отсто од американското население.
Овој тренд е резултат на сé поголемата стапка на наталитет меѓу малцинствата, отколку меѓу белците.
Речиси секој трет Американец во 2060 година ќе биде хиспанец, додека денес е секој шести. Се очекува дека бројот на азијатите во текот на следните 50 години, исто така, ќе се удвои.
„Американската ќе стане мешана нација во којашто белите нехиспанци ќе бидат најголемата заедница, но ниедна повеќе нема да биде во мнозинство“ изјави директорот на американскиот завод за статистика, Томас Месенбург.
Според процените на експертите, американските малцинства ќе станат мнозинство во 2043 година.
На штотуку изминатите американски претседателски избори, експертите објаснуваа дека американската демографија игра важна, можеби дури и пресудна улога. Американскиот претседател Барак Обама својот втор мандат го освои со силна поддршка на американските хиспанци, црнците и младите гласачи.
Се очекува и дека во текот на следните 50 години ќе се удвои и бројката на Американците постари од 65 години, од 43 милиони во 2012 година на 92 милиони во 2060 година, додека бројот на лицата постари од 80 години ќе биде тројно поголем, од 5.9 милиони во 2012 година на 18,2 милиони во 2060 година и дека во најголемиот дел тоа ќе бидат белците.
Експертите истакнуваат дека со ваквите трендови Америка ќе биде поделена во две јасни групи – старо бело население и млада етнички шаренолика популсција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

