Контакт

Свет

Сирија влезе во Новата година со бомбардирање и судири

Објавено пред

Сиријците низ целата земја во Новата година влегоа со бомбардирања, а силите на владата на претседателот Башар ал-Асад и бунтовниците кои сакаат да го соборат од власта се судрија во периферните области на главниот град Дамаск.

dobivaj vesti na viber

Жителите на Дамаск влегоа во новата година со заглушувачки детонации од артилеријата којашто ги гаѓала јужните и источните делови од приградските населби Во центарот на Дамаск војниците на контролните пунктови пукале по повод доаѓањето на Новата година што предизвикало узбуна во главниот град на Сирија.

Военото воздухопловство го бомбардирало источно предградие на Дамаск, како и областите кои се под контрола на бунтовниците во вториот по големина град Алепо, и во уште неколку помали градови и села, соопштија за странските агенции опозициските активисти.

Според оцените на сириската опозиција од почетокот на бунтот инспириран од ткн Арапската пролет од почетокот на 2011 година, досега во сирискиот конфликт се убиени 45 илјади луѓе. Бунтот почна со протести со кои се бараа реформи и заминување од власта на децениската династија Асад, а се претворија во вооружен судир кој прерасна во конфликт кој добива се повеќе конфесионален предзнак меѓу мнозинските опозициски сунити и малцинските владејачки алавити на кои им припаѓа и претседателот Башар ал-Асад, а кои ја имаат поддршката на Друзите и христијаните./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иран со предупредување: Ќе биде нападната која било американска база во Европа доколку е потребно

Објавено пред

Военото движење Хезболах влезе во војната што Америка ја започна заедно со Израел со напаѓање на Иран. Сирени за тревога се огласија низ централен и јужен Израел утрово откако Иран започна нов напад. Во меѓувреме, Израел го нападна и Либан, пишуваат светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Иран ќе нападне која било американска база во Европа“
Иран ќе нападне која било американска база во Европа доколку е потребно, предупреди денес иранскиот амбасадор во Шпанија, Реза Забиб. Тој додаде дека Иран „е земја која е способна да одговори и да реагира“, објави „Скај њуз“.

Во меѓувреме, шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, нареди зголемени мерки за надзор и безбедност низ целата земја поради можни закани. Ова следеше по одбивањето на Шпанија да им дозволи на САД да користат заеднички воени бази на нејзина територија за да го нападнат Иран, што ги натера САД да повлечат неколку авиони KC-135 од своите бази во Кадис и Севиља.

Американските разорувачи „Балкли“ и „Рузвелт“, кои го напуштија Кадис минатата недела, учествуваа во нападите врз Иран, потврдија САД.

Министерството за одбрана на Катар денес објави дека катарските вооружени сили собориле два ирански борбени авиони „сухој Су-24“ од руско производство.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Нетанјаху се појави за прв пат по нападот врз неговиот кабинет

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го посети местото на нападот во израелскиот град Беит Шемеш, кој беше погоден од иранска ракета.

dobivaj vesti na viber

Нетанјаху ја прегледа штетата откако ракетата наводно успеала да го пробие израелскиот систем за воздушна одбрана и да ја уништи синагогата, при што загинаа најмалку девет лица, објави „Скај њуз“.

Израелскиот премиер разговараше со работниците на терен, додека во позадина можеа да се видат урнатините предизвикани од нападот.

Во вчерашниот напад со иранска балистичка ракета врз Беит Шемеш, кој се наоѓа на околу 30 километри западно од Ерусалим, загинаа најмалку девет лица, а 23 беа повредени, според Службата за итни случаи Маген Давид Адом (MDA).

Повеќето од загинатите се засолниле во јавно засолниште, а според началникот на полицијата на округот Ерусалим, Авесалом Пелед, веројатно имало директен удар врз засолништето.

„Повеќето, ако не и сите, од загинатите биле таму“, рече Пелед.

Ракетата погоди станбена зона во градот, ја уништи синагогата и предизвика голема штета на јавното засолниште и околните куќи, според медиумот.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп за војната на Блискиот Исток: Го „разоруваме“ Иран, нов бран напади допрва ќе дојде

Објавено пред

Американската војска го „растура Иран“, но нов голем бран напади сè уште не е дојден, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за CNN, Трамп оцени дека американските операции во нападите врз Иран одат многу добро, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави имаат најголема армија во светот и ја користат.

Тој изјави дека не сака војната со Иран да трае предолго.

„Секогаш мислам дека војната ќе трае четири недели. Одиме малку пред рокот“, верува американскиот претседател.

Кога беше прашан дали САД би направиле нешто друго освен воен напад за да го соборат режимот во Иран, Трамп одговори потврдно.

„Навистина им помагаме (на иранскиот народ). Но, во моментов сакаме сите да останат таму. Не е безбедно таму надвор и само ќе стане помалку безбедно. Дури и не сме почнале силно да ги удираме. Големиот бран наскоро доаѓа“, рече Трамп.

Тој рече дека одмаздничките напади на Иран врз американските бази во околните арапски земји ги изненадиле САД.

„Изненадени сме. Им кажавме на тие земји дека можеме да решиме сè, а сега тие сакаат да се борат, и тоа агресивно. Требаше да бидат многу малку вклучени, а сега инсистираат да бидат многу вклучени“, рече тој.

Тој ги оцени лидерите на арапските земји, имено Бахреин, Јордан, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, како „цврсти и паметни“.

Трамп истакна дека „иранската нуклеарна закана“ е главен проблем во регионот веќе некое време.

„Мора да разберете, тие живееја под тој темен облак со години. Затоа никогаш немаше мир“, рече Трамп.

Кога беше прашан кој треба да ја преземе лидерската позиција во Иран, Трамп рече дека не знае кој треба да биде, истакнувајќи дека 49 лица од највисоките лидерски позиции биле убиени во американските напади.

„Станаа малку арогантни, се состануваа на едно место. Мислеа дека не можеме да ги детектираме, тоа нè шокираше“, рече Трамп, додавајќи дека Иранците сега „дури и не знаат кој ги води“.

Зборувајќи за преговорите со Иран, кои беа прекинати од американските напади врз таа земја, Трамп рече дека не е постигнат никаков договор.

„Не можевме да се договориме со овие луѓе. Секоја од нашите нови понуди беше исполнета со нивно повлекување. Тие не сакаа да се согласат да престанат со збогатување на ураниум. Ова е начинот на справување со Иран“, рече американскиот претседател.

Трамп рече дека од својот тим побарал список на сите ирански или поддржани од Иран напади врз САД и американските сојузници и интереси.

„Ако требаше да го набројам сето тоа, би зборувал долго време“, рече тој.

Според него, најновите напади врз Иран се дел од долгорочна кампања за елиминирање на заканите од Иран.

„Минатиот пат го уништивме (иранскиот генерал Касем) Сулејмани. Тој беше неверојатно насилен, свиреп генерал. Тоа беше голем потег. Да не се случеше тоа, можеби денес немаше да го имаме Израел. Израел можеби немаше да постои“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија3 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија3 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија5 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија6 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија6 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија7 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија7 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија7 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија8 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија8 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет11 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет11 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет12 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет13 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа13 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет13 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет18 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет19 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет20 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...