Свет
Камерон бара од Г8 мерки за заживување на економиите
Британскиот премиер Дејвид Камерон чијашто земја во 2013 година претседава до групата Г8, ги повика челниците на осумте индустриски најразвиени и економски најмоќни земји во светот да преземат решителни мерки за да ја заживеат светската економија.
„Јасно е дека во 2013 година светската економија ќе се соочи со несигурност, Амбициозните критериуми и решителните мерки коишто ние ќе ги поставиме како челници на осумте земји коишто го сочинуваат речиси половината од светскиот БДП може да значат конкретна разлика која што ќе ја поттикне економијата“, наведе Камерон во писмото упатено до лидерите на Канада, Германија, САД, Франција, Италија, Јапонија и Русија.
Британскиот премиер изрази надеж дека самитот на Г8 кој треба да се одржи на 17-ти и 18-ти јуни во Северна Ирска, ќе претставува можност за приближување кон таа цел, меѓутоа истовремено предупредува дека за достигнување на таа цел е потребна цврста волја и повеќемесечни ангажмани.
„Овој самите на Г8 не би требало да биде таков за ние во последен миг ги извадиме чековните сметки, да ветиме дека ќе издвоиме одредена сума и тоа да го наречеме успех. Она за што зборуваме се долгорочни промени во нашите земји и во правилата коишто ги одредуваат односите меѓу нив. Доколку така ги поставиме нашите очекувања, сигурен сум дека успехот зависи од тоа веднаш да започнеме дебата за тие промени“, се вели уште во писмото на Камерон.
Најавува дека самитот главно ќе биде посветен на дискусија за три теми: за борбата против протекционизмот, борбата против избегнувањето на оданочување и промоција на транспарентноста во дејствувањето на компаниите и националните економии.
Како еден од приоритетите во текот на британското претседателствување со Г8, премиерот Камерон го најави и воспоставувањето на договорот за слободна трговија меѓу Европа и САД./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Европа апсолутно ги поддржува дејствијата на Америка и Израел во Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во разговор со новинарите изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува дејствијата на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа, за Израел и за другите земји во регионот.
На прашањето дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз Иран дошла предоцна, Руте одговори дека пред официјалното одобрување од Велика Британија, морало да се решат „правните аспекти на прашањето“, пренесува Би-Би-Си.
Тој потврди дека пред интервенцијата на САД во Иран, имал бројни разговори со американски претставници и додаде дека официјален Вашингтон и НАТО воспоставиле „тесна координација“.
На прашањето од британската јавна служба дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите во Иран, Руте одговори негативно и додаде дека „очигледно ова е кампања предводена од Американците и Израелците“, пренесува Танјуг.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos

