Свет
Диви кучиња убиле четворица посетители на парк во Мексико Сити
Мексиканските власти потврдија дека четирите лица, чии измасакрирани тела биле пронајдени во парк во источниот дел на Мексико Сити во последните две недели, се жртви на диви кучиња, пренесува во вторник американската ТВ мрежа Фокс њуз.
Обвинителите од Мексико Сити соопштија дека жената и едногодишното дете, најдени на 29 декември во паркот Чера де ла Естрела во квартот Изтапалапа, искрвариле. Тие додаваат дека телата се делумно изедени и дека на жената и недостасува левата рака.
Посетителите на истиот парк во петокот пронашле тела на двајца тинејџери, кои исто биле нападнати од кучиња и кои искрвариле до смрт.
Обвинителството наведува дека најмалку стотина полицајци го пребарува подрачјето и дека биле фатени 25 кучиња. Властите ги предупредија граѓаните да не го посетуваат паркот. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

