Свет
Преговори за Сирија меѓу Русија, САД и ОН во Женева
Руски и американски претставници и меѓународниот посредник за Сирија на Обединетите нации и на Арапската лига, алжирскиот дипломат Лакдар Брахими се обврзаа во петокот во новиот круг од преговорите во седиштето на светската организација во Женева да изнајдат политичко решение за сирискиот судир.
Станува збор за трет ваков состанок од декември. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американската државана државна секретарка Хилари Клинтон се договорија за ваков формат на 6-ти декември на средбата во Даблин.
Заменикот на американската државна секретарка Вилијам Барсн и заменикот на шефот на руската дипломатија Михаил Богданов ги продолжија разговорите на 9-ти декември во Женева, а во петокот повторно се состанаа во седиштето на Обединетите нации во Женева.
Посредникот Лакдар Брахими по доаѓањето само ги поздравил присутните без да даде никаква изјава, што го сториле и Барнс и Богданов. Овие преговори секогаш се држеа зад затворени врати и за нивната содржина многу малку се знае, потсетува AFP.
Средбата се одвива во моментите кога Дамаск во четвртокот го разгневи Брахими, но сепак не му ја откажа соработката. „Изјавите на Лакдар Брахими сведочат за неговата очигледна пристрасност кон круговите (коишто подготвуваат заговор) против Сирија и сирискиот народ“, изјави шефот на сириската дипломатија во соопштението емитувано преку државната телевизија.
Меѓутоа официјален Дамаск не сака да ја прекине соработката со посредникот Брахими„ Сирија и натаму се надева на успех на својата мисија и ќе ја продолжи соработката со него тргнувајќи од својот став за политичкото решение на сириската криза“, додаде сирискиот министер за надворешни работи.
Ова всушност претставуваше одговор на интервјуто што Брахими претходно во средата го даде за британски BBC, во кое оцени дека планот за излегување од кризата кој во неделата го изложи сирискиот претседател Башар ал-Асад „е уште поисклучив и попристрасен“ од претходниот. Асад имено во својот мировен план ја исклучи секоја можност да преговара со вооружената опозиција којашто ја нарече платеник и марионета на странските интереси.
Москва од своја страна го повтори својот став дека решение на судирот не може да има без дијалог меѓу власта и опозицијата, без предуслови, за разлика од бунтовниците и Западот кои бараат неизоставно заминување на претседателот Башар ал-Асад од власта./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

