Свет
Француската војска продолжува со напади врз бунтовниците во Мали
Трет ден по ред француските воени авиони ги бомбардираат исламските бунтовници во Мали, додека во главниот град Бамако пристигнуваат дополнителни француски војници кои ќе ги сочекаат силите на Западноафриканската унија јaвува во неделата Reuters
Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле-Дриан изјави дека драматичната интервенција на француските сили спречи исламските бунтовници, за кои се постојат навестувања дека се поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, да го заземат Бамако. Ле-Дриан во неделата појасни дека француските борбени летала без престан ги бомбардираат бунтовниците коишто од април минатата година заземаа голема пустинска област во северниот дел од Мали.
Во моментот во Бамако се распоредени 550 француски војници.
Цели на бомбардирањата се бунтовничките позиции во градовите Гао, Ле и Дуенца.
Западните земји стравуваат дека исламистите може да го користат Мали како база за напади врз нивните интереси, формирајќи ја линијата на поврзување со приврзаниците на Ал Каеда во Јемен, Сомалија и северна Африка.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во саботата изјави дека Франција ќе ја продолжи воената мисија во Мали за да го подготви теренот за претстојната интервенција на африканските сили којашто има мандат од Обединетите нации, Европската унија и Африканската унија.
По повикот на Франција до африканските земји што побрзо да испратат свои војски, претседателот на Брегот на слоновата коска, Аласане Оуатарра, воедно и претседавач со регионалниот блок ECOWAS, оперативно покрена операција за испраќање 3.300 африкански војници.
Се најавува дека со мултинационалните сили ќе командува нигерискиот генерал Шеху Абдулкадир, а покрај Нигерија, којашто ќе даде најмногу војници, во операцијата по 500 припадници на своите воени сили испраќаат и Буркина Фасо, Нигер и Сенегал./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

