Свет
Авганистанските талибани ликвидираа девојка која била невладин активист
Девојката којашто заедно со нејзини придружнк беа погубени во неделата од страна на милитантите на радикалното движење Талибан во авганистанската покраина Вардак за „шпионирање во полза на САД“, бил активистка на непрофитна агенција
Според авганистанската агенција Pajhwok, девојката се занимавала со фотографирање на безбедносно проблематичната област. Според еден од локалните жители, кој сакал да остане анонимен, Авганистанката неодамна се вратила дома од САД.
Како што пишува авганистанскиот портал Khaama Press, девојката била киднапирана од страна на група талибани предводена од нивниот воен командант Мула Рохани пред три дена. Според портпаролот на полицијата во провинцијата генералот Абдула Вали, телата на мртвата девојка и мажот што ја придружувал со знаци на тортура и рани од куршуми биле обесени од страна на талибаните на дрво, а биле пронајдени во местото Хаџ Омари, каде талибаните вообичаено ги оставаат останките од своите жртви. На телото на мртвата девојка била закована порака во којашто се вели дека егзекутираната била американски шпион, пишува агенцијата.
Во меѓувреме, како што се покажало во текот на истрагата, таа била активист на непрофитна организација која обезбедувала за локалните жители опрема за ткаење и машини за шиење.
Полицијата уапсила еден од осомничените за овој случај. Според министерството за женските прашања на Авганистан, во првата половина на тековната авганистанскаа година (којашто започнува на 21-ви март), во земјата се регистрирани повеќе од 3.500 случаи на тешки облици на насилства врз жените./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

