Свет
Таткото на Арон Шварц: Американската Влада го уби мојот син!
Таткото на Арон Шварц ја нападна американската Влада, посочувајќи ја како директен виновник за смртта на неговиот син.
Многумина беа потресени по неодамнешната смрт на Арон Шварц, еден од основачите на Редит и интернет активист кој сакаше милиони академски текстови да ги сподели по пат на интернет со другите корисници бидејќи сметал дека информациите и знаењето треба да бидат достапни за сите, а не само на оние кои можат тоа да го платат.
Откако дојде до милиони текстови од претплатничкиот сервис на МИТ, го уапси американската полиција, по што беше обвинет за компјутерска измама, кражба на информации од заштитени компјутери и намерни ширење на документи преку П2П мрежата, за што му се закануваше голема затворска и парична казна.
Судењето требаше да почне во април, но Шварц кој и претходно се бореше со депресијата не издржа и си го одзема животот.
Арон Шварц во вторник беше погребан во Чикаго, а во говорот на погребот неговиот татко жестоко ја нападна американската Влада, директно обвинувајќи ја за смртта на неговиот син.
„Него го уби американската влада, а МИТ ги издаде своите основни принципи“, ги пренесе Јаху зборовите на неговиот татко.
Веднаш по смртта на Арон Шварц, неговото семејство објави соопштение во кое напоменаа дека неговата смрт е директна последица на лошиот американски казненопоправен систем, застрашување и претераните овластувања на обвинителите.
Со нив се согласни и многу правници кои сметаат дека тужбата против него немала правна основа, а за некои овој случај е најдобар пример на времето/општеството во кое живееме бидејќи на едно момче му се закануваше голема затворска казна(многу поголема од некои убијци, силувачи и слично) само затоа што на луѓето сакал да им овозможи бесплатно да дојдат до материјал за едукација.
По неговата смрт Анонимус го хакираа МИТ, а во негова чест многу научници бесплатно ги објавија своите трудови на интернет. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

