Свет
Обама ја потврди оставката на министерот за ресурси на САД
Американскиот претседател Барак Обама потврди дека министерот ресурси (Interior Secretary) Кен Салазар поднел оставка, и изрази надеж дека тој ќе продолжи да му помага со своите совети.
„Кен помогна да започне новата ера во зачувувањето на нашите копнени и водни ресурси, како и на дивиот свет … Тој, исто така, одигра клучна улога во успешните напори на мојата администрација за развојот на домашните извори на енергија во нашата земја“, се вели во изјавата на Барак Обама.
Претседателот, исто така, му оддаде почит на Салазар за воспоставување одлични односи и со староседелските индијански племиња.
„Го ценам пријателствувањето со Кен, коешто започна со нашето заедничко доаѓање во Сенатот во 2005 година и се надевам на неговите совети, дури и кога ќе се врати во својата родна држава Колорадо“, изјави Обама, кој деновиве е особено активен во формирањето на неговата нова администрација.
Кен Салазар ќе ја напушти администрацијата на претседателот Обама до крајот на март. Неговото заминување, како што коментира американската телевизиска мрежа ABC, може да значи дека кабинетот на претседателот на САД може да остане без претставник на Латино заедницата.
Салазар, е претставник на петтата генерација на неговото семејство од Колорадо и поранешен сенатор, и планира да се врати во матичната држава. Тој беше еден од двајцата Латиноамериканци во администрацијата на претседателот Обама, покрај министерката за труд Хилда Солис која поднесе оставката на нејзината функција минатата седмица. По заминувањето на Салазар на крајот на март, Латиноамериканците нема повеќе да бидат застапени во кабинетот на Обама, освен ако тој во меѓувреме не назначи некој од оваа сé повлијателна етничка заедница во САД./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

