Свет
Франција се залага за транзиција на Сирија без Асад
Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледриан се зазема во саботата во Абудаби за помош во граѓанската војна во Сирија, повикувајќи на политичка транзиција којашто би го исклучувала учеството на претседателот Башар ал-Асад.
„Имајќи ја предвид големата цена која сирискиот народ веќе ја плати, мораме брзо, како никогаш досега, да реагираме за да ги надминеме поделбите и да овозможиме политичка транзиција“, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ледриан, пред учесниците на конференцијата за одбраната во Персискиот залив организирана во Абудаби.
Промените во Сирија мораат да претставуваат „транзиција во која нема да има место за претседателот Асад“, рече Ледриан.
Франција е постојана членка на Советот за безбедност при Обединетите нации, каде што Русија и Кина досега трипати искористувајќи го правото на вето блокираа носење резолуции за Сирија. Според Москва и Пекинг, станува збор за еднострано обвинување на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад а не и на вооружената опозиција, а исто така, со тоа се отвора и можност за повторување на ткн Либиско сценарио, односно странска воена интервенција.
Според последните податоци на ОН во граѓанската војна во Сирија, којашто прераснува во меѓуконфесионален конфликт, загинале околу 70 илјади луѓе. Според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, бројот на загинатите во 23-месечните судири во земјата загинале повеќе од 50 илјади луѓе, додека, пак, според официјален Дамаск, бројот на жртвите е двојно помал, и тоа претежно станува збор за припадници на безбедносните сили „кои се судираат со терористички групи оркестрирани од странство“.
Во петокот сириската опозициска коалиција истакна дека претседателот Асад и главните носители на неговиот режим мора да бидат исклучен од секој дијалог за решавање на судирот во земјата.
Коалицијата оваа оцена ја изнесе откако водеше внатрешна расправа за предлогот на својот претседател Ахмед Моаз ал-Хатим, кој пред десетина дена најави можност за почеток на преговори со претставниците на режимот, што предизвика критики во редовите на опозицијата којашто е разединета по разни основи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.