Свет
Расмусен и Лавров разговара за соработката меѓу НАТО и Русија
Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен во понеделникот го повика рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на зајакнување на соработката на неговата земја со Алијансата и покрај различните ставови по неколку прашања, како што се ситуацијата во Сирија или антиракетниот штит, а Москва се интересирала за карактерот на мисијата во Авганистан по 2014-та.
Во текот на разговорот во седиштето на НАТО во белгиската престолнина Брисел, генералниот секретар на сојузот Андерс Фог Расмусен посакал НАТО и Русија да го продолжат „заедничкиот напредок“ остварен минатата година во „практичната соработка, како што е борбата против тероризмот и поморското пиратство, се нагласува во соопштението на НАТО што го пренесува AFP.
Било разговарано и за темите поврзани со Сирија, операцијата на НАТО во Авганистан, како и „за начините за јакнење на дијалогот меѓу НАТО и Русија за противракетната одбрана“, се додава во соопштението на Алијансата.
Од друга страна шефот на руската дипломатија за новинарите изјавил дека Русија сака да види какви задачи ќе исполнува НАТО во Авганистан по 2014 година, откако според најавите ќе бидат повлечени сите странски контингенти, а одговорноста за безбедноста на земјата ќе ја препушти на домашните безбедносни сили.
„НАТО сега се обидува да го утврди карактерот на мисијата на Алијансата по истекот на 2014 година, кога НАТО се повлекува од Авганистан, но ќе го остави таму намален број свои припадници, коишто ќе бидат ангажирани во обуката на авганистанскиот персонал, на давање консултативни и советодавни услуги“, изјавил Лавров во Брисел, пренесува РИА Новости.
Според него, покрај тоа, руската страна сака да знае во што ќе се состои „примарната мисија на Алијансата по 2014 година“.
„Ние, се разбира, сме заинтересирани, бидејќи понекогаш се јавуваат информации во полза на тоа дека централната мисија на Алијансата повторно ќе биде заедничката територијална одбрана“, забележал шефот на дипломатијата на Руската Федерација/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос

