Свет
Хирург издал лажно уверение за наплата на милионска отштета
Хирургот на двајца скопјани им издал уверенија дека во сообраќајка се здобиле со наводно тешки телесни повреди со цел да добијат отштета
Кривична пријава за лекар од Градската општа болница во Скопје
Хирургот на двајца скопјани им издал уверенија дека во сообраќајка се здобиле со наводно тешки телесни повреди со цел да добијат отштета
ГОРАН АДАМОВСКИ
Министерството за внатрешни работи го осомничи 44-годишниот Ѕ. Н., хирург во Градската општа болница во Скопје, дека издал лажно лекарско уверение со цел да се извлече голема финансиска отштета од осигурителна компанија. Имено, пред да биде запознаено Обвинителството и истражниот судија, како што беше соопштено на новинарите, хирургот на двајца скопјани им издал уверенија дека се здобиле со тешки телесни повреди, и тоа скршеници на ребро во сообраќајна несреќа што ја доживеале минатата година, иако станувало збор за лесни повреди. Триесет и четиригодишниот Т.Ј. и дваесет и шестгодишната Ѓ.М. на 27 август минатата година во близина на Охрид направиле сообраќајка, по што биле префрлени во Медицинскиот центар во Охрид. Оттаму биле донесени во Градската болница во Скопје, каде што биле примени од сега осомничениот лекар. Тој им направил рендгенски преглед на пациентите, при што јасно било дека не станува збор за скршеници. Но, пациентите се спогодиле со хирургот, па набргу им бил издаден документ според кој Т.Ј. и Ѓ.М. имале скршеници на осмото ребро. Со таквото уверение осигурителната компанија АД “Вардар осигурувањееи (каде што биле осигурани) требало да им исплати 984.000 денари или по 492.000 денари на секого. Но, во компанијата се посомневале и побарале помош од полицијата, по што се утврдила вистината.
Против хирургот Ѕ.Н. е поднесена кривична пријава за сторено дело издавање лажно лекарско уверение, а Ј.Т. и Ѓ.М. добија кривични пријави за измама.
Вчера не успеавме да стапиме во контакт со осомничениот доктор, за да ја слушнеме неговата вистина.
Изминатата година во државава беа откриени седум случаи на корумпирани лекари. Досега ниту еден случај нема судска разрешница.
Битолската полиција го осомничи лекарот М.Н. (49) од Одделението за пневмофтизиологија при Медицинскиот центар од Битола за примање поткуп. Тој се товареше дека примил 400 американски долари и 100 евра од извесен битолчанец како противуслуга за издавање документ, со што би “потврдилли дека неговиот клиент е целосно неспособен за отслужување на воениот рок.
Истражен судија од Основниот суд Скопје 1 е ангажиран во расветлувањето на случајот што го откри полицијата во Клиничкиот центар во Скопје во Одделот за урологија. Во кривичната пријава стои дека лекарот-хирург Д.П. (38) од пациентка од Кавадарци добил 200 евра за хируршка интервенција и уште 100 евра за сместување во Клиниката. Според официјалната информација во врска со случајот, осомничениот бил фатен на дело.
Хирургот К.М. од Охрид, специјалист за уво, нос и грло, оперирал “со подобар квалитетти за 50 или 200 евра. Во јануари минатата година, В.А., хирург од Куманово, побарал од пациент 200 евра за операција. Пациентот го пријавил случајот во полиција, по што хирургот бил фатен со обележаните евра. Еден месец подоцна, Ѓ.Ѓ., хирург од Воената болница во Скопје, побарал 200 евра од пациент, но бил откриен според истото сценарио. Поткупот е гаранција дека во лекарската постапка ќе биде внесен подобар квалитет и посебна ангажираност.
По откривањето, следуваат полициски кривични пријави за извршено кривично дело поткуп. Истовремено, следува суспензија до расветлување на случајот. Меѓу поднесената кривична пријава и судската истрага за случајот по барање на основниот јавен обвинител настанува долг период на прибирање цврсти докази. Во три од седумте откриени случаи на поткуп биле отфрлени сомневањата и предметот бил вратен на дообработка од полицијата. За преостанатите случаи се води судска постапка. Во ниту еден случај поткупувачот не е осомничен за соучество во извршено кривично дело. Според правното толкување, тој што дава поткуп се ослободува од одговорност ако соработува со истражните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

