Свет
Порно-страница од Лос Анџелес врбува малолетници од Македонија
Ако имате повеќе од 14 години, без разлика на полот, Вие сте подготвени за секс и затоа можете слободно да се пријавите за упис во нашата секс-академија”, е скандалозниот повик на извесна светска секс-академија, која врбува девојчиња и момчиња од Македонија.
Ако имате повеќе од 14 години, без разлика на полот, Вие сте подготвени за секс и затоа можете слободно да се пријавите за упис во нашата секс-академија”, е скандалозниот повик на извесна светска секс-академија, која врбува девојчиња и момчиња од Македонија.
Регрутирањето се врши преку интернет-страницата на македонски јазик www.theworldsexacademy.com, на која може да се видат фотографии со разголени момчиња и девојчиња.
Сопствениците на порно-страницата своите вистински намери ги затскриваат зад оглас објавен на македонската веб-страница www.oglasi.com.mk, во кој се бараат “атрактивни девојки, од 18-38 години, за работа во нудистички кампови во Бугарија, Грција и во Србија и Црна Гора како: собарки, шанкерки, келнерки, домаќинки, фризерки, масерки, чувари (спасувачки на плажа)”. На заинтересираните им се нуди плата од 150 до 1.500 евра.
Потрагата на “Дневник” покажа дека, и покрај тоа што е на македонски јазик, порно-страницата се прави и одржува во САД, поточно во Лос Анџелес. Од веб-страницата може да се дознае дека “работодавците” всушност нудат сосема поинакви услуги. Тие ги врбуваат малолетните девојки и момчиња за да ги научат на “тајните на сексот според светски стандарди”. На успешните им ветуваат и секс-диплома. Посетата на страницата ни овозможи да дознаеме повеќе за “академијата” и за начинот на кој се регрутираат кандидатите.
Сопствениците на страницата се под псевдоними, а со таканаречената управа на академија може да се стапи во контакт само преку Интернет.
Во линкот “историја на академијата” се вели дека таа била основана во 1989 година, во Сплит. Основачи биле извесен Марио, 44-годишен Хрват, кој бил и идеен творец, неговата 29-годишна сопруга, по потекло од Словенија, заедно со Македонец, Србинка, Бугарка и Гркинка. “Уписот” се врши преку електронска пошта и со испраќање фотографии. Идентитетот и предиспозициите на кандидатите се проверува, по што, ако се утврди дека станува збор за вистински заинтересирани “студенти по секс”, се контактира со нив. Тоа може да значи дека меѓународната група соработува со луѓе од Македонија.
Посетителите на страницата што се зачленети добиваат пристап до рубриката “Македонски жешки девојки”, во која имало повеќе од 16.000 илустрации со највисок квалитет. Цената за првиот семестар била 50 евра.
“Управата на светската секс-академија” измислила и свои десет правила, на кои мора да се придржуваат регрутите за да дојдат до “диплома”. Главните две се дека во академијата доброволно може да се зачленуваат поединци, двојки, тројки и поголеми групи за да ги изучуваат “секс-тајните од познати светски секс-учители” и дека “годините апсолутно не се важни”. “Академијата” го вовела и таканаречениот кредит-трансфер систем, според кој, “многу лесно, по бројот на поминатите лекции, се знае кој(а) ученик(чка) до каде стигнал(а) со обуката”.
Според другите правила, кандидатите, за кои е задолжителен приемниот испит, не треба да имаат никакви предрасуди за сексот. Ги делат на две категории: со и без сексуално искуство. Образовниот процес, како и низ легалните институции, почнувал од основно училиште, во кое ќе се стекнеле со основно секс-образование. Класот бил составен од три девојки (или жени) и еден маж. Веднаш по завршување на “основното”, секој ученик може да работи на формирањето на сопствен клас, а потоа и да формира свое секс-училиште. За “поамбициозните” следува секс-факултетот, а врв на едукацијата е светската секс-академија. За да им се “олесни” приемниот испит на кандидатите на веб-страницата е понудена “скрипта” од приемни лекции и пози.
Посебен куриозитет е понудата на секс со помош на хипнотизер за најмалку вештите. Обуката е будно следена преку најразлични семинари, средби и полагања и под комплетен надзор на главниот учител во Академијата – Карло. Главни учители се извесен инструктор Милф и “искусната Аманда”. За евентуалните проблеми и сугестии, на располагање на регрутите им е основачот Марио од Хрватска.
(Р.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

