Свет
На проверка сите вработени во државните и во јавните претпријатија
Повеќе десетици илјади државни функционери, вработени во јавните претпријатија и во државните органи од средината на април пополнуваат обемни анкетни листови за нивната имотна состојба и за имотите што ги имаат нивните деца, браќата и сестрите и родителите.
Повеќе десетици илјади државни функционери, вработени во јавните претпријатија и во државните органи од средината на април пополнуваат обемни анкетни листови за нивната имотна состојба и за имотите што ги имаат нивните деца, браќата и сестрите и родителите. Анкетните листови ги нарача и ги праќа Државната комисија за спречување на корупцијата. Државните службеници и другите буџетари се изненадени од потегот на комисијата и тврдат дека пополнувањето на листовите е во спротивност на Уставот.
– Знаат ли во Државната комисија за спречување на корупцијата дека поттикнуваат „кодошење“, која е во спротивност на Уставот, бидејќи речиси 100.000 вработени во јавните претпријатија и во органите на државната управа со давање податоци за имотната состојба на своите блиски ќе опфатат најмалку 500.000 граѓани на земјата – вели вработен во државната управа.
Освен за документите и за анкетните листови, секој вработен треба да плати и за заверување на документите на нотар, што сите тие државни службеници ги чини по 200 денари. Од Агенцијата за државни службеници, која е надлежна само за вработените во државните органи, велат дека постапката не е спорна и дека е во согласност со изменетиот текст на Законот за спречување на корупцијата од ноември минатата година. Оттаму се повикуваат на членот 34 од овој закон. Во тој член, пак, пишува само дека доколку лицето е „избран или именуван функционер, или одговорно лице во јавно претпријатие или во јавна установа или службено лице при изборот или при именувањето треба да пополни анкетен лист за својот недвижен имот“. Вработените тврдат дека овој член не се однесува на сите вработени и тврдат дека комисијата без знаење на Владата своеволно го изменила и го дополнила законот со друг член. Тоа, според нив, е членот 82 според кој, обврската за пополнување на листовите е задолжителна и за сите вработени.
Драган Малиновски, претседател на антикорупциската комисија, вели дека пополнувањето на листовите е во согласност со измените на Законот што ги усвоило собранието. Тој вели дека и покрај тоа што е голем бројот на лицата што ќе треба да ги кажат податоците за своите имоти, комисијата е решена да ги собере сите анкетни листови.
Во Владата немаа коментар за пополнувањето на овие анкетни листови. Владини државни службеници првпат слушаа за тоа дека сите вработени во државната управа и во јавните претпријатија треба да пополнуваат анкетни листови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

