Свет
Руски воен брод се закотви во пристаниште во Хавана

Воен брод на Руската морнарица во четвртокот се закотви во пристаниште во Хавана, Куба, јавуваат локалните медиуми.
Ваквото придвижување на силите настапи веднаш откако рускиот министер за одбрана најави планови за проширување на военото присуство на Русија низ целиот свет.
Станува збор за известувачко – разузнавачкиот воен брод „Виктор Леонов ЧБ – 175″, кој е опремен со софистицирана опрема за електронски следење, како и со ракети и противвоздушно вооружување.
Агенцијата АП истакнува дека неговото присуство го привлекло вниманието на љубопитните жители на Хавана.
На јарболот на бродот се виорат руското и кубанското знаме, наведува АП.
Куба и Советскиот Сојуз имаа блиски воени и економски врски за време на Студената војна, но тие беа запоставени по падот на „железната завеса”, се вели во текстот на АП.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјавил дека Русија планира да го прошири постојаното воено присуство надвор од своите граници отворајќи воени бази во некои странски земји, вклучувајќи ја и Куба.
Москва моментално има само една поморска база надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз, а таа се наоѓа во Тартус во Сирија, но судбината на оваа база е неизвесна поради граѓанската војна која и понатаму трае во оваа земја, наведуваат руските агенции.
Постсоветска Русија ја затвори големата поморска база во Виетнам и една радарска база на Куба во 2002 година поради финансиски притисок.
Меѓутоа, Русија почна повторно да ја обновува својата поморска и стратешка авијација од средината на минатата деценија, сметајќи дека тоа е погодна ситуација да ја проектира сликата за себе надвор од своите граници и да ги заштити националните интереси на земјата низ целиот свет./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
По земјотресот во Турција и Сирија околу 2.600 загинати, најмалку 11.000 повредени

Според последните податоци, во земјотресите што денеска ги погодија Турција и Сирија загинаа 2.619 лица, а повредени се најмалку 11.119 лица.
Турското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во земјотресот во понеделникот се искачи на 1.651, пренесува Ал Џезира.
Најмалку 11.119 лица се повредени во земјотресот, додава Министерството.
Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби изјави дека 6.445 луѓе се спасени од урнатите згради по земјотресот.
Тој рече дека најмалку 5.606 згради биле уништени по потресите што ја погодија југоисточна Турција.
Според владините и спасувачките групи, бројот на загинати во Сирија по земјотресот се искачи на 968.
Во земјотресот повредени се најмалку 1.353 во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, вклучувајќи ги провинциите Алепо, Хама, Латакија и Тартус, соопшти Министерството за здравство.
Во деловите на северозападниот дел на земјата, кои се под контрола на бунтовниците, загинаа најмалку 430 луѓе, а повеќе од 1.050 се повредени, соопшти спасувачката група „Бели шлемови“, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Македонија
Џамбаски контра Пендаровски: Дрскоста на бугаромразите во Скопје навистина нема крај

„Дрскоста на бугаромразите во Скопје навистина нема крај и навистина е потсмев. Стотици бугарски граѓани со часови виселе на студ, стотици биле вратени од граница со летечки белешки испечатени од печатачи кои очигледно не работат на струја“ напиша на Фејсбук бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Во неговата објава на социјалната мрежа стои: „Властите во Скопје прават црни и забранувачки списоци за бугарските граѓани, новинари, публицисти и политичари.
Како се овие европски вредности? Како е ова право на слободно движење? Како ова не е антибугарска омраза? Каде е револтот на активистите за човекови права во Брисел?“
Ова доаѓа по денешната изјава на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој рече:
„Оние кои се обидоа да ја нападнат полицијата, се разбира, заработија прекршочни пријави и депортација од нашата земја. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин. Нека ни се јави еден граѓанин на Република Бугарија на кој му било одбиено да влезе во Република Северна Македонија да оддаде почит на гробот на Гоце Делчев, се разбира освен оние кои правеа проблеми за што има и видео снимки“.
Регион
(Видео) Вучиќ: Не се плашиме од никого затоа што ништо не сме украле

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се обрати на граѓаните и рече дека не барал амнестија за неговото семејство, како што тврди Рада Трајковиќ.
Како што рече, секогаш се борел само за Србија и така ќе продолжи.
„Српски народ, граѓани на Србија. Западниот агент Рада Трајковиќ вели дека барам аболиција за моето семејство, а не спас за српскиот народ на Косово и Метохија. Лаже, лаже како сите оние во Собранието“, рече Вучиќ и додаде:
„Затоа луѓе, само имајте на ум. Моето семејство е тука, тие ќе останат во Србија како мене. Не се плашиме од никого затоа што ништо не сме украле. Ние сме виновни затоа што ја браниме Србија. Ќе ја браниме Србија. Меѓусебно признание, сонувајте! Да живее Србија“, рече тој.
View this post on Instagram