Контакт

Свет

Путин: На Украина и се случи неуставен државен удар

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, во вторникот изјави дека во Украина е извршен неуставен државен удар и вооружено преземање на власта, која никој не ја оспори.

dobivaj vesti na viber

На првата конференција за новинари откако беше разрешен украинскиот претседател, Путин истакнал дека Виктор Јанукович ги исполнил сите услови предвидени во договорот од 21-ви февруари склучен со претставниците на опозицијата и дека ја предал целата власт. Јанукович, според него, и понатаму е легитимен претседател на Украина, но истакнал дека сега во земјата нема власт, пренесува Ројтерс.

„Украинскиот народ сакаше промени, но не смеат да се охрабруваат со „незаконски промени”, рекол Путин.

Тој порачал дека Русија ќе му даде финансиска помош на украинскиот регион Крим и додал дека се надева оти нема да мора да употреби сила врз Украина.

Путин потсетил дека воените конфликти во Авганистан, Ирак и Либија биле пример за противзаконитост, со оглед на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Тој додал и дека руските војници не истрелале ниту еден куршум на Крим. Сите акции кои Русија ги презела се од хуманитарен карактер.

Коментирајќи ги заканите од САД и ЕУ за можни санкции кон Русија, Путин истакнал дека последиците од таквите мерки ќе бидат мултилатерални.

На крај истакнал дека не се обидува Крим да го отцепи од Украина и да го припои кон Русија./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Објавено пред

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште и болница.

dobivaj vesti na viber

„Нападите врз болниците се напади врз самиот живот. Нападите врз училиштата се насочени кон иднината на нацијата. Светот мора да ги осуди овие акти“, напиша Пезешкијан на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека неговата земја „нема да молчи и нема да попушти пред овие злосторства“.

Иранските власти соопштија дека во бомбардирањето на училиште во саботата на југот од земјата загинаа 168 лица, но ниту САД ниту Израел не потврдија таков напад.

Француските медиуми, кои ја објавија изјавата на Пезешкијан, изјавија дека не можат да ја потврдат веста за нападот врз училиштето и болницата поради независни избори и недостаток на пристап до областа.

Во Техеран, во неделата навечер беше оштетена болница, според иранските медиуми, додека властите не го објавија бројот на жртви.

Израел и САД го нападнаа Иран рано наутро во саботата. Иран возврати со ракетни напади врз голем број земји во регионот, првенствено таму каде што има американско присуство.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и горен среден дострел.

dobivaj vesti na viber

Како што напиша, денес му беше кажано дека САД имаат практично неограничени залихи од ова оружје.

„Војните можат да се водат засекогаш и многу успешно користејќи ги само овие залихи“, рече тој.

Трамп го обвини Џо Бајден дека потрошил стотици милијарди долари американски пари давајќи ѝ на Украина врвно оружје без да ги надополни залихите. Тој тврди дека ја обновил војската за време на својот прв мандат и продолжува да го прави тоа.

„Соединетите Американски Држави се добро опремени и подготвени да извојуваат ГОЛЕМА ПОБЕДА“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Амбасадата на САД во Кувајт е затворена

Објавено пред

Амбасадата на САД во Кувајт е затворена до понатамошно известување поради, како што се вели, тековните регионални тензии.

dobivaj vesti na viber

Објава на платформата Икс наведува дека сите редовни и итни конзуларни состаноци се откажани и дека јавноста ќе биде известена кога амбасадата ќе се врати во нормални операции.

Амбасадата, наводно, вчера била цел на напад со беспилотно летало.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет7 минути

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет1 час

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет1 час

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет1 час

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет1 час

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија10 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија11 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ12 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија14 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија16 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија16 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија19 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија19 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија19 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија20 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија20 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија20 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија21 час

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија21 час

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...