Европа
35 тони злато вреди внатрешноста на луксузната палата во која се одржуваа украинско-руските преговори

Украинско-руските преговори во Истанбул почнаа денеска околу 9.30 часот во палатата „Долмабахче“ во Истанбул. Пред почетокот на разговорите на домаќините на двете земји им се обрати домаќинот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Според турските медиуми, руската делегација пристигнала во Истанбул во понеделникот во 16 часот, а украинската делегација пристигнала подоцна истата вечер. Двете страни преговараат зад затворени врати во величествената палата во која се наоѓа кабинетот на Ердоган.
„Долмабахче“ е палата што се наоѓа во Истанбул на европскиот брег на Босфорот.
Во оваа зграда живееле дури шест турски султани. Бакингемската палата и „Лувр“ беа пример во изградбата на оваа палата.
Внатрешноста на замокот е многу луксузна и во голема мера ја следи традицијата, но е помалку ориентална. Дизајнот е мешавина од барокна, неокласична и традиционална отоманска уметност и култура. Употребата на злато и кристали за украсување на величествената палата е импресивна. Оваа палата ја има најголемата колекција на кристални лустери во светот.
Цената на сето ова е неверојатни пет милиони отомански златници, што е еднакво на вредноста на 35 тони злато. Целиот комплекс од палати, павилјони, џамии, фонтани и дворови е поделен на четири дворови и харемски комплекс. Палатата има дури 285 соби, 44 сали, 68 тоалети и 6 бањи. Во зградата е изложена колекција од 202 слики во масло.
Оваа зграда ја користел и првиот претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, кој починал во оваа палата во 1938 година. Денес оваа палата е музеј, но се користи за одредени важни настани, како што се преговорите меѓу Русија и Украина.
Украинската телевизија јавува дека мировните преговори во Истанбул почнале со ладно добредојде и без ракување иако не е јасно дали новинарите биле присутни во тоа време или биле само информирани за тоа.
Имаше многу шпекулации за тоа што сака Русија од мировните преговори што почнаа во Истанбул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Велика Британија уапсени седум војници поради дрога и перење пари

Шест војници и еден ветеран во Велика Британија се уапсени под сомнение за дрога, позајмување пари и перење пари.
Министерството соопшти дека шест војници на ирската гарда и еден ветеран биле уапсени од припадници на кралската воена полиција како дел од „планирана операција“, пренесе Би-Би-Си.
Првиот баталјон на ирската гарда треба да учествува на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета на 2 јуни.
Министерството за одбрана соопшти дека ниту еден војник кој е под истрага нема да може да учествува на церемонијата.
Ирската гарда е основана од кралицата Викторија во 1900 година, а гардата била распоредена во Ирак и Авганистан. Полкот, чиј дел е принцот Вилијам, има задача, меѓу другото, да ги чува кралските палати, каде што може да се забележат нивните војници облечени во препознатлива црвена униформа и капа од кожа од мечка.
„ Во рамките на планираната операција, кралската полиција уапси шест војници од ирската гарда и еден ветеран од Велика Британија под сомнение дека набавувале дрога, позајмувале пари и переле пари. Армијата не толерира никакво незаконско однесување. Сега ова е во рацете на независна истрага. Не е соодветно за Кралската воена полиција дополнително да коментира“, соопшти британското Министерство за одбрана.
Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.