Свет
Рударите молат за леб по амбасадите
Ве молиме, помогнете ни со по една вреќа брашно од 50 килограми за да можеме да обезбедиме храна за нашите семејства, пишува во молбата што вчера на факсовите на десет странски амбасади во земјава ја испратија трудовите инвалиди, кои штрајкуваат со глад во Македонска Каменица.
ПРОТЕСТОТ ВО КАМЕНИЦА СЕ ПОДРАМАТИЧЕН
Се бориме за леб и за гол живот на нашите семејства, велат трудовите инвалиди
Ве молиме, помогнете ни со по една вреќа брашно од 50 килограми за да можеме да обезбедиме храна за нашите семејства, пишува во молбата што вчера на факсовите на десет странски амбасади во земјава ја испратија трудовите инвалиди, кои штрајкуваат со глад во Македонска Каменица.
Рударите, кои веќе девет дена протестираат поради нерешениот статус на рудникот и нивната неизвесна иднина, ја упатија молбата до амбасадите на Норвешка, Унгарија, Австрија, Данска, Швајцарија, Холандија, Бугарија, Франција, Турција и на Велика Британија.
– Не можевме да воспоставиме врска со амбасадите на Италија и на Германија, инаку и ним ќе им испратевме молба.
– Од амбасадата на Словенија ни одговорија дека немаат фонд за такви намени и не можеле да ни помогнат. Се уште немаме одговор од другите амбасади. Ние ќе чекаме, ако помогнат – помогнат. Ќе издржиме – вели Ванчо Огњановски, претставник на рударите.
Тие вчера побарале помош во брашно за околу 200 трудови инвалиди и од Црвениот крст во Делчево.
– Се бориме за леб и за гол живот на нашите семејства. Никој од надлежните во државава уште не не посетил. Денеска очекуваме да дојдат претставници на гранскиот синдикат од Скопје – велат трудовите инвалиди.
Во амбасадата на Република Турција и некои други амбасади велат дека го добиле барањето на рударите и дека наскоро ќе им одговорат.
Штрајкувачите со глад во својот допис бараат од дипломатските претставништва да извршат притисок врз министерствата за економија, за труд и врз Синдикатот за што побрзо да се реши случајот со рудникот.
Рударите вчера ги посетил и македонскиот бизнисмен од Словенија Блажо Тасев, кој се уште води судски спор врзан со продажбата на рудникот.
– Тасев ни кажа дека на 17 јуни Апелацискиот суд во Штип ќе расправа за неговата жалба. Значи, тука не лажат кога не убедуваат дека до 10 јуни се ќе биде решено со рудникот – вели Огњановски. (Љ.Ш.)
Љупчо Шатевски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.
Свет
Туск упати итен апел до полските граѓани: „Ве молам веднаш да го напуштите Иран“
Полскиот премиер Доналд Туск апелираше до сите полски граѓани во Иран веднаш да ја напуштат земјата поради растечката опасност од потенцијален конфликт.
„Ве молам, веднаш напуштете го Иран и под никакви околности не одете во оваа земја. Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за конфликт е многу реална“, рече Туск за време на посетата на полигонот за обука на Воениот институт за технологија на оружје во Зјелонка, каде што во исто време се одржаа отворени тестови на беспилотни системи за оружје, објави порталот „Виадомосци“.
Туск беше придружуван од министерот за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш и заменик-министерот Цезари Томчик, а за време на настанот одржа и интервју со медиумите.
Тој нагласи дека „за неколку часа, можноста за евакуација ќе биде отежната“, укажувајќи на потенцијалната итност на ситуацијата.
Туск ги предупреди граѓаните сериозно да го сфатат овој апел, потсетувајќи на „лошите искуства од минатото“.
„Ве молам да го сфатите ова многу сериозно. Имавме лоши искуства во минатото, а некои луѓе ги игнорираат овие апели“, нагласи полскиот премиер.

