Свет
Трифун ќе го легализира Шпанско село
Дивата населба Шпанско село требаше да биде урната уште пред две години. Градежната инспекција и Министерството за транспорт и врски само наоѓаа разни изговори за да го одбегнат уривањето.
ЌЕ СЕ ПРАВИ РЕВИЗИЈА НА ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА СКОПЈЕ
Дивата населба Шпанско село требаше да биде урната уште пред две години. Градежната инспекција и Министерството за транспорт и врски само наоѓаа разни изговори за да го одбегнат уривањето.
Градоначалникот Трифун Костовски вчера најави дека Генералниот план на град Скопје – ГУП ќе се менува, а дивата населба наречена Шпанско село и онаа во парк-шумата Гази Баба се едно од прашањата кои ќе бидат предмет на таа ревизија. Со оваа изјава, Костовски втор пат меѓу редови најави легализација на овие диви куќи кои се во заштитниот појас и за чија изградба се сечеше шумата и се срамнуваше брдото.
“Со проширувањето на Скопје се наметна потреба од ревизија на ГУП. Тој е изменет и не се почитува. Ќе видиме дали ќе има ревизија или ќе се оди на изработување на нов ГУП. Предмет на ревизијата ќе бидат и парк-шумата Гази Баба и Шпанското село”, изјави Костовски.
На последната прес-конференција, на новинарско прашање дали Градот и градоначалникот се свесни дека со овој потег го охрабруваат дивоградењето во Скопје и го уништуваат Водно, портпаролот Маја Мухиќ изјави дека се уште не се знае дали овие населби ќе се легализираат, но доколку тоа се случи, таа потенцираше дека “оваа администрација нема да дозволи повторна дива градба”.
Како што веќе две години се пишува, дивата населба Шпанско село требаше да биде урната уште пред две години. Градежната инспекција и Министерството за транспорт и врски само наоѓаа разни изговори за да го одбегнат уривањето. Од Министерството дури изработија и елаборат во кој има детален опис со дигитална фотографија за секој објект поединечно. Со овој елаборат беше утврдено дека треба да се урнат вкупно 78 објекти кои се надвор од границите на ГУП и немаат можност за легализација.
Државата молчеше и не презема никакви мерки и за дивиот водовод изграден за потребите на Шпанско село. Скопјани обвинуваа дека оваа влада, а сега градската гарнитура, не само што немаат волја да ја заштитат парк-шумата туку и дека се директни режисери на уништувањето на Скопје од градежните криминалци.
Луксузните зданија, кои Костовски има намера да ги легализира, трајно ќе ја оштетат парк-шумата Водно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

