Свет
Еден судија треба да реши 6.000 прекршочни предмети
Апелациониот суд првпат се отвори во јавноста, презентирајќи бројки за минатогодишното работење
Апелациониот суд првпат се отвори во јавноста, презентирајќи бројки за минатогодишното работење
Доколку до крајот на годината судовите не ги решат предметите, бројката ќе порасне на над 500.000 нерешени случаи
Над половина милион незавршени предмети е бројката што им се заканува на основните судови на територија на Апелациониот суд во Скопје доколку до крајот на годинава не се преземат мерки за да се олесни работата на судовите. Според статистиките, секој судија моментално решава околу 6.000 прекршочни предмети годишно, бројка која, до почетокот на идната година, се очекува да се искачи дури на 8.500 прекршочни предмети. Судовите курубат со кадри, а главно се водат и како неажурни. Во вакви услови, велат судиите, Македонија е можеби на последно место од сите други европски држави, каде што судиите сами ги пишуваат судските покани и тоа рачно.
Со овие оцени, претседателот на Апелациониот суд Скопје, Вели Ведат, го претстави работењето на судот и на основните судови на негова територија со што, за првпат, судот се отвори во јавноста, откако претходно тоа го стори Основниот суд во Кавадарци. Ведат го презентираше Годишниот извештај од работата на Апелациониот суд за 2004 година, каде што низ компаративни анализи и за претходните три години се претставени решени и нерешени предмети, како и работата на судиите поединечно.
Претседателката на Републичкиот судски совет, Ленче Софрониевска, ја поздрави иницијативата, која ја поддржа и УСАИД, констатирајќи дека другите две власти работат многу потранспарентно од судската власт. Таа оцени дека е потребна јавна контрола на судиите, што очекува дека ќе се воспостави и со електронското поврзување на судовите со другите институции.
Претседателот на Апелациониот суд го оцени овој суд како ажурен, а главната вина за кочење на судските постапки им ја префрли на основните судови. Според статистичките податоци, во повеќе од 90 отсто случаи што ги решавал Апелациониот суд, постапките траеле до еден месец, што не е случај со основните судови. Апелациониот суд ги оквалификува како неажурни основните судови Скопје 1 и 2, потоа основните судови во Куманово, Неготино, Гевгелија, Тетово, Гостивар и Дебар. Релативно ажурни се основите судови во Кратово, Велес и Кавадарци, а единствено ажурен е судот во Крива Паланка.
Според извештајот, бројот на нерешени предмети во април годинава бил 416.808, што е за над 100.000 споредено со истиот период лани. Во Апелациониот суд има 48 испразнети места, а во основните судови се евидентирани вкупно 417, од кои 217 се резервирани за стручен кадар. Ведат се пожали дека во судовите не се предвидени нови вработувања.
“Во основните судови има уште поголеми проблеми. И таму се преполовени вработените, но посебен проблем е тоа што во последниве години имаме непослушност на граѓаните кои не сакаат да ги плаќаат своите обврски спрема државата, а поради краткиот рок, претпријатијата се должни во рок од една година да го префрлуваат извршувањето во судовите. Со тоа се трупаат предметитееи, изјави Ведат. Според него, бројот на предметите перманентно се зголемува, а бидејќи во судовите нема извршители или тие се во мал број, тие предмети не можат да се извршат. Истовремено, проблем е и недостигот од кадар, посебно во прекршочното одделение, каде што перманентно се зголемува бројот на предмети.
Ситуацијата во основните судови може да се поправи со отстранување на субјективните пропусти кај судиите и зголемување на бројот на решените предмети, што очекува да се реши со новите законски прописи со кои дел од предметите ќе ги решаваат агенции и други органи. (Ж.Ѓ.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

