Свет
Државата да го обелодени договорот со "Турбоинститут"
Зошто Владата ги држи во тајност деталите од договорот со Словенците за изградба на 20 мали хидроцентрали во вредност од 100 милиони евра, што е најголема странска инвестиција во Македонија годинава?
ЕКСПЕРТИ СЕ СОМНЕВААТ ВО СПОГОДБАТА СО СЛОВЕНЦИТЕ
Зошто Владата ги држи во тајност деталите од договорот со Словенците за изградба на 20 мали хидроцентрали во вредност од 100 милиони евра, што е најголема странска инвестиција во Македонија годинава? Ова е едно од дузината прашања што ги поставува професорот од Машинскиот факултет во Скопје, Атанаско Туневски, откако во минатата недела Владата, со непосредна спогодба, на словенечки “Турбоинститут” му даде концесија за користење води.
Тој сака да знае кој е акцискиот план на инвеститорот, каков е моделот на инвестирање, колкав ќе биде вкупниот очекуван профит и која е добивката на државата од инвестицијата во наредните 30 години.
– Колку “Турбоинститут” ќе ја плати концесијата за користење на водите, а колку ќе изнесува концесијата за производство на електрична енергија? Владата треба да каже и зошто одлучила првите концесии за користење на водите да ги даде токму на странски инвеститор и тоа со непосредна спогодба, кога се уште не се изградени контролни механизми за заштита на државата – вели професорот Атанаско Туневски.
Според советникот за енергетика во Министерството за економија, Никола Черепналковски, Владата ги дала првите концесии со непосредна спогодба бидејќи на земјата и требаат итни инвестиции во енергетиката. Според него, меѓународниот тендер бара време, не помалку од две години, период во кој “Турбоинститут” треба да ги изгради 20-те мали хидроцентрали.
– Ова се приказни за деца. Годишното производство на 20-те хидроцентрали ќе изнесува 300 гигават-часови електрична енергија, што не е ни четири отсто од годишните потреби на Македонија, кои пак од година во година растат за по пет проценти. Овие хидроцентрали нема да го покријат ни очекуваниот годишен пораст на побарувачката за енергија – објаснува Туневски.
Тој вели дека со овој потег Владата целосно го искомпромитирала Законот за води зошто сега не е јасно како на идните инвеститори, од кои се очекува да вложуваат во изградбата на преостанатите 386 хидроцентрали, ќе им ги објасни критериумите врз основа на кои избира со кого ќе склучи непосредна спогодба, а од кого ќе бара да оди на меѓународен тендер.
– Не е проблем спогодбата. Таа можеби е и добра, но никој не внимава, бидејќи подоцна со право на овој случај ќе се повикуваат сите идни инвеститори – велат професори од Електротехничкиот факултет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

