Свет
На Скопското кале ќе се гради најголемата дивоградба во Македонија
Координативното тело, во име на огромен број граѓани, кои му дадоа поддршка за заштита на Скопското кале – Градиште (Древен град), како културен предел и историска меморија на македонскиот народ (што не смее да се претвори во екстериторија), изразува вчудовиденост од започнатите градежни работи на локалитетот.
(Повод: Изградба на странска амбасада на Градиште-Древен град над Скопје)
Координативното тело, во име на огромен број граѓани, кои му дадоа поддршка за заштита на Скопското кале – Градиште (Древен град), како културен предел и историска меморија на македонскиот народ (што не смее да се претвори во екстериторија), изразува вчудовиденост од започнатите градежни работи на локалитетот. За Координативното тело (КТ) не е јасно и издаденото соопштение на амбасадата на САД во Скопје, во кое амбасадата нагласува дека не е сопственик на земјиштето, но веќе платила и започнува со дислокација на муслиманските гробишта од овој локалитет, за што наводно спровела тендер!
Со кое право, странска амбасада прави било што на земјиште кое не е и не може да биде нејзина сопственост!? Се прашуваме, кој и дали во име на државата, го дозволил тоа?!
Координативното тело од Владата и надлежните ресори бара објаснување: како може да отпочне копање на теренот, кога нема законска основа за каква било градба надвор од намената на ГУП, и според тоа ниту за подготвителни работи. Инаку, постапката за градежни зафати предвидува цела низа предуслови и документи.
Без сите тие документи, дозволи и решенија, се што ќе се отпочне и реализира, е дивоградба!
Координативното тело смета дека институциите на системот, до овој момент, затаија во спроведување на законските прописи за градба и на тој начин стануваат соучесници во планирањето на најголемата дивоградба во земјава.
КТ се уште верува дека не е доцна да се сопре овој трагичен акт против националниот интерес на македонскиот народ и граѓаните на РМ, против законите и конвенциите за заштита на културното и природното богатство како универзална цивилизациска вредност! Очекуваме ова насилно уништување на милениумскиот пејзаж да запре со кревање глас на Собранието на РМ, на Уставниот суд, МПЦ, МАНУ, со интервенција на јавниот правобранител на РМ, на извршните органи – МТВ, МЖСПП, МК, Градежната инспекција, градоначалникот и Советот на Скопје, Општина Центар…
Доколку институциите должни да ги штитат имотот и законите на државата не се активираат, очекуваме граѓаните јавно да го изразат својот револт од овој акт на насилство.
Сите знаеме дека Македонија се соочува со многу тешки егзистенцијални и суштински проблеми на опстанок!
Но, зачувувањето на скопското Градиште – Кале, не е помалку значајно, зашто во него е внедрена милениумска историја и култура на овој народ и материјалните траги и докази за настанокот и развојот на нашиот главен град во период од над 2.000 години!
Со Скопското кале – Градиште, се брани суверенитетот и се докажува државотворната зрелост на овој народ и на од него избраното водство!
Координативното тело за заштита на Скопското кале – Градиште
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

