Свет
Судот не ни ги заштити децата
Секојдневно ми се закануваат, се плашам како ќе продолжам да го воспитувам и да го одгледувам моето дете, изјави за „Време“ мајката на една од жртвите на малолетничката проституција, за што против угостителот С. М. во штипскиот Основен суд се води судски процес, откако се самоуби 14-годишната Р. Ц., во саботата.
(Време) – среда, 10.05.2006
Секојдневно ми се закануваат, се плашам како ќе продолжам да го воспитувам и да го одгледувам моето дете, изјави за „Време“ мајката на една од жртвите на малолетничката проституција, за што против угостителот С. М. во штипскиот Основен суд се води судски процес, откако се самоуби 14-годишната Р. Ц., во саботата.
Несреќното девојче во саботата се обидело да се фрли од терасата на куќата на својот татко во Штип, а потоа испило големи количества разновидни лекови. Нејзина сосетка пријавила во Брза помош, по што девојчето било однесено во штипската болница, каде што починало. Нејзината смрт ги одложи завршните зборови во процесот.
Мајката на другата малолетничка, која е сведок и жртва во истиот случај на проституција, вели дека откако се посомневала во тоа што го работи нејзината ќерка, и го одзела мобилниот телефон. Така таа станала сведок како на ќерка и и биле закажувани состаноците, но и како насилниците и се заканувале. Сето ова таа го пријавила во штипската полиција.
За време на досегашниот тек на процесот, девојчето што сега се самоуби и нејзината врсничка С. А. изјавувале дека во декември минатата година и во јануари годинава биле принудувани на сексуални услуги за клиенти во Штип, за што С. М. наплаќал по 100 евра, а по 500 денари или картички за мобилен телефон им давал на девојчињата.
Мајката на едно од девојчињата на судењето обвинуваше дека во кафеаната на С. М. на нејзината ќерка и на другите жртви на проституција во пијалакот им ставале „шпанска мушичка“. Таа не е задоволна од досегашниот тек на процесот и смета дека девојчињата не се доволно заштитени откако почнало судењето. Таа смета дека некој сака да го заврши случајот како ништо да не било. Таткото не дозволил да се направи обдукција на телото на починатото девојче.
Според основниот јавен обвинител Стојче Миланов, обвинителството заедно со полицијата и со судот ќе преземе оперативни мерки за утврдување на мотивите за самоубиството. Примероци од крвта и од урината на загинатото девојче се испратени во Судска медицина во Скопје.
– Многу поважно е да се испитаат мотивите за самоубиството. Тоа значи да се испитаат сите околности во кои се случила несреќата, со кого контактирало девојчето пред да посегне по сопствениот живот и со кого контактирало во последните денови – бараат роднините на злоупотребените девојчиња.
Фактот дека девојчето што загина било и клучен сведок во судскиот процес за проституција наведува на заклучок дека најверојатно врз него се вршел силен притисок да не ја открие вистината пред судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

