Свет
Бучковски пресече лента за погон што ќе проработи во ноември
Предизборно вчера премиерот Владо Бучковски беше во Кавадарци, пресече лента за производствена линија во ФЕНИ-индустри што треба да почне дури за четири месеци.
ПРЕДИЗБОРНО ЗАГРЕВАЊЕ ВО ФЕНИ
Билјана К. Наумова
Предизборно вчера премиерот Владо Бучковски беше во Кавадарци, пресече лента за производствена линија во ФЕНИ-индустри што треба да почне дури за четири месеци.
Производството на фероникел се очекува да почне во ноември. Бучковски не пропушти да каже дека неговата кариера како премиер на Република Македонија е случајно поврзана со доаѓањето на Бени Штајнмиц и неговата инвестиција во ФЕНИ.
– Два дена по мојот избор за премиер во кабинетот ме посети господинот Штајнмиц, кој презентираше амбициозен план дека за 18 месеци по 10 години ќе почне втората технолошка линија – изјави Бучковски.
Тој се надева дека Штајнмиц ќе биде и новиот газда на велешката топилница и успешно ќе ги помине судските лавиринти, со што на поинаков начин ќе се развиваат економските односи меѓу Македонија и Израел. Костантинос Даскалакис, менаџер во ФЕНИ истакна дека групацијата БСГ во 2005 година влегла во ФЕНИ кога просечното годишно производство на фероникел било 5.000 тони. Тие достигнале до 8.000 тони, а оваа година нивните намери се производството да стаса до 10.000 тони.
Од септември со вклучување на втората печка годишното производство се планира да изнесува 15.000 тони. Даскалакис истакна дека оваа година нивната групација БСГ од Израел и Алферон ја презеле и втората фабрика за фероникел во Косово. Во меѓувреме, како што рече, се и потенцијални инвеститори во фабриката за олово и цинк во Велес и нивната намера е долго да останат во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, потсети на добрата соработка што ја имаат со менаџерскиот тим на ФЕНИ и на очекувањата за нови неколку стотици вработувања.
Рамковски преговараше за тутунарите, не може и за лозарите
На новинарско прашање како го коментира повикот на лозарите Велија Рамковски да ги претставува во преговорите со винарската визба „Повардарие“ за исплата на парите за грозјето, Бучковски одговори:
– Велија доста го примав на преговори со тутунарите, не може да биде експерт и за лозарите. Ми рече дека е поранешен тутунар, а не лозар – коментира Бучковски.
Владата ќе интервенира кога нафтата пак ќе поскапи
Бучковски изјави дека се договорил со министрите за финансии и економија Никола Поповски и Фатмир Бесими да излезат со можно решение за ублажување на ценовниот шок предизвикан од високите цени на бензините, ако цената на нафтата продолжи да расте.
Во овој момент поволно е тоа што на берзите цената на нафтата е пониска за неколку долари. Дистрибутерите погрешно ја сфатија мојата порака. Не сакаме да брцнеме во нивните џебови за да го решиме проблемот – рече Бучковски.
Тој минатата недела, кога бензините достигнаа рекордна цена од 72 денари за литар супер, изјави дека Владата најверојатно ќе разговара со дистрибутерите за да најдат заедничко решение за ублажување на ценовниот шок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

