Свет
Холивуд се подготвува за најгламурозната ноќ

Холивуд се подготвува за одржување на една од најгламурозните ноќи на “филмскиот календар“ – вечерашното доделување на 77. Оскар, во театарот Кодак, во Лос Анѓелес.
Холивуд се подготвува за одржување на една од најгламурозните ноќи на “филмскиот календар“ – вечерашното доделување на 77. Оскар, во театарот Кодак, во Лос Анѓелес. На “црвениот тепих“ ќе поминат бројни актерски ѕвезди, меѓу кои Џони Деп, Кејт Бланшет и Леонардо ди Каприо, во очекување на “вистинска борба“ меѓу главните кандидати за освојување на Оскарот во категорија “најдобар филм“ – “The Aviator“ и “Million Dollar Baby“. Неодамнешните анкети во САД, на кои им се приклучи и најголемиот дел од критиката, покажаа дека “Милионската девојка“ на Клинт Иствуд е на врвот на фаворитите. Доколку 74-годишниот Иствуд победи, тој ќе стане највозрасниот режисер кој досега го добил престижниот Оскар. Сепак, англиската критика се уште го фаворизира “Авијатичарот“ на Мартин Скорцезе, но со “тесна борба“ за титулата “најдобар режисер“ меѓу него и Иствуд. Скорцезе никогаш досега не ја добил наградата за најдобар режисер, и покрај номинациите за четири филма, меѓу кои “Raging Bull“, “Goodfellas“ и “Gangs of New York“. Главните номинации на вечерашниот “хепенинг“ се: Најдобар филм – “The Aviator“, “Million Dollar Baby“, “Finding Neverland“, “Ray“ и “Sideways“; Најдобар актер – Clint Eastwood за “Million Dollar Baby“, Jamie Foxx за “Ray“, Don Cheadle за “Hotel Rwanda“, Johnny Depp за “Finding Neverland“ и Leonardo DiCaprio за “The Aviator“. Најдобра актерка – Hilary Swank за “Million Dollar Baby“, Imelda Staunton за “VeraDrake“, Kate Winslet за “Eternal Sunshine of the Spotless Mind“, Annette Bening за “Being Julia“и Catalina Sandino Moreno за “Maria Full of Grace“. Најдобар режисер Martin Scorsese за “TheAviator“, Clint Eastwood за “Million Dollar Baby“, Alexander Payne за “Sideways“,Taylor Hackford за “Ray“ и Mike Leigh за “Vera Drake“./Крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.