Свет
Корупцијата изгради над 10.000 дивоградби
Повеќе од 10.000 дивоизградени објекти што во Македонија никнаа пред очите на градежната инспекција од 2000 година досега се предмет на коруптивни активности.
Повеќе од 10.000 дивоизградени објекти што во Македонија никнаа пред очите на градежната инспекција од 2000 година досега се предмет на коруптивни активности. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, кој укажува дека корупцијата во оваа област допира до високи инстанци во локалната и централната власт.
„Иако како главен аргумент за неспроведување на решенијата се користи социјалниот елемент, официјалните податоци од Заводот за статистика покажуваат дека од 2000 до 2004 година дури 49 отсто од дивоградбите биле станбени и деловни згради, што говори дека станува збор за нелегален бизнис, а не за решавање индивидуални станбени прашања на посиромашни слоеви од населението. Високата заработувачката, која се проценува и на 100 отсто од вложениот капитал, им овозможува на инвеститорите да внесуваат во игра големи суми за корупција“, пишува во извештајот на Центарот.
Според последните бројки, за четири години се донесени 10.275 решенија за уривање, а од нив се извршени само 1.738 (17 отсто). Годишно во просек никнуваат по околу 1.500 дивоградби.
Во Градежниот инспекторат демантираат дека има корупција, а слабата реализација на решенијата за уривање ја правдаат со недостигот од пари.
– Самиот факт што се донесени толку решенија кажува дека Инспекторатот работи активно, но ограничениот паричен фонд не дозволува реализација на сите решенија – изјавија во Инспекторатот.
До 2004 година за оваа намена тие имале годишен буџет од 3,2 милиони денари, а во 2005 тој е зголемен на 15 милиони денари поради поголем број акции на уривање во Рамина, Скопје, Гостивар, Охрид. Од јуни лани дивоградбите се во надлежност на општините, а градежните инспектори интервенираат само ако локалните власти подолг период не го решат проблемот со некој објект. Примарен интерес на градежниот инспекторат се објектите од прва и втора класа, во кои спаѓаат големи инвестициски проекти од државен интерес.
Во Центарот оценуваат дека урбанистичкиот хаос се поттикнува со честите промени на урбанистичките планови, кои им оставаат можност на инвеститорите да градат нелегално и преку политички врски и плаќање поткуп да издејствуваат внесување на градбите во урбанистичките планови.
„Практиката познава случаи кога во урбанистичките планови се менува намената на една локација како што се менува и расте апетитот на инвеститорот. Само во Скопје постојат неколку примери кога почнува изградба на катни гаражи, а потоа прераснува во атрактивни станбени комплекси“, пишува во извештајот.
Поткуп се плаќа и за чување во фиока на решенијата за уривање на објекти за кои не се платени комуналиите за да се почека инвеститорот прво да ги продаде становите, а потоа да ги уплати парите во општинската каса. Во Центарот сметаат дека надлежните институции наместо да ги казнат инвеститорите, им укажуваат на граѓаните да бидат внимателни од кого купуваат станови.
„Во голем број општини целата енергија се насочува кон легализација на дивоградбите за да се добијат пари од комуналните давачки“, информираат од Центарот.
Оттаму укажуваат дека земјава во 2004 година ја потпиша Виенската декларација за решавање на проблемот со бесправно изградените населби. Како начини за нејзино спроведување ги спомнуваат двете подготвителни верзии од законот за легализација на дивоградбите, од кои едната предвидувала целосна легализација на сите бесправни објекти, а втората легализирање само на објектите што влегуваат во деталните урбанистички планови.
Спасијка Јованова
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

