Свет
Владата нуди фифти-фифти управување со гасоводот
Во „Макпетрол" се уште немаат став дали ќе го прифатат ова решение, кое би било од привремен карактер
Во „Макпетрол" се уште немаат став дали ќе го прифатат ова решение, кое би било од привремен карактер
С` уште е неизвесно дали „Макпетрол“ ќе ја прифати последната владина одлука според која со гасоводот ќе управуваат и државата и „Макпетрол“ во сооднос 50:50. Во нафтената компанија не сакаат да коментираат ништо додека не го добијат и официјалниот документ од Владата. Откако тој детаљно ќе биде разгледан, ќе падне одлуката. Всушност, како што појаснуваат во „Макпетрол“, станува збор за верификација на протоколот за соработка кој е веќе потпишан од страна на вицепремиерот Минчо Јорданов и надлежните на „Макпетрол“.
Сега тој документ е одобрен и од страна на владините министри, кои досега не покажуваа волја да дадат согласност. Во секој случај, како што велат во компанијата, станува збор за привремено решение, бидејќи мора прво да заврши судскиот спор што се води околу сопственоста на гасоводот.
Принципите врз кои се базира протоколот се: гасоводниот систем (ГАМА 800) е заеднички деловен потфат меѓу Владата и „Макпетрол“, ГАМА АД е резултат на изразена волја на страните за заедничко инвеститорство, ГАМА во рок од 30 дена по потпишувањето на протоколот треба да се трансформира во акционерско друштво, субјектите од договорот се согласни почетниот влог на Владата и на „Макпетрол“ да биде во сооднос 50:50. Вистинската висина на влогот, пак, ќе ја утврди судот со своја одлука по завршувањето на судската постапка која е во тек, а страните се обврзуваат дека ќе ја прифатат.
Инаку, на последното судско рочиште и двете страни беа незадоволни од донесената пресуда, според која, државата има право на 55 отсто од гасоводот, а на „Макпетрол“ му припаѓа остатокот. Пресудата беше донесена врз основа на извештаите на судските вештаци, кои работеа на докажувањето на сопственоста од јули минатата година. Владата не се согласуваше да има сопственост од 55 отсто, бидејќи тврди дека му дала на „Макпетрол“ 14,5 милиони евра за изградба на гасоводот, со што станала негов мнозински сопственик. Според „Макпетрол“, пак, процентот на сопственоста врз гасоводот е многу повеќе од 45 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

