Свет
Плацот за „Хилтон“ го купи „Гемак“
Во напната атмосфера со изобилство погрдни зборови и очигледен притисок врз наддавачите, скопската фирма „Гемак“ за околу 1.135.000 евра купи две од трите државни парцели наменети за изградба на хотели, на вчерашната лицитација во Министерството за транспорт и врски.
Во напната атмосфера со изобилство погрдни зборови и очигледен притисок врз наддавачите, скопската фирма „Гемак“ за околу 1.135.000 евра купи две од трите државни парцели наменети за изградба на хотели, на вчерашната лицитација во Министерството за транспорт и врски. Бизнисменот Ејуп Амини за околу 850.000 евра стана сопственик на третата парцела со површина од 5.225 квадратни метри.
Првата парцела од 6.695 квадратни метри „Гемак“ ја купи за 3.750 денари (околу 61 евро) по квадрат, откако останатите шест наддавачи, меѓу кои фирмите „Девелоп гроуп“ и „Славија спектар“ по кратка битка се откажаа од наддавањето. За втората парцела од 4.458 квадрати се водеше тесна битка меѓу „Гемак“ и фирмата „Финансиска унија“. Во напрегнатото наддавање во кое од многубројните присутни фрчеа погрдни зборови кон наддавачите од „Гемак“, кои понудија 10.000 денари (околу 163 евра) по квадрат, ја победи понудата на „Финансиска унија“ и го купи атрактивното државно земјиште.
Валентин Пепељуговски, застапник на „Финансиска унија“, потврди дека повеќе лица кои воопшто не учествуваа на наддавањето му вршеле притисок со погрдни зборови.
– Точно е дека имаше погрдни зборови и закани, меѓутоа не ги сфатив сериозно овие обиди за притисок и не ги обвинувам лицата кои дофрлаа. Виновна е Комисијата на Министерството за транспорт и врски која не обезбеди нормални услови за лицитирање. Не е пријатно да се лицитира во такви услови. Лицата кои учествуваа во наддавањето постојано беа во допир со лица што не учествуваа во лицитацијата. Лицитантите постојано разговараа по мобилни телефони, што е недозволиво кога е во тек јавна лицитација – вели Пепељуговски.
Шукри Дритон, претставник на „Гемак“ најави дека на земјиштето што се наоѓа во центарот на Скопје на десниот кеј од реката Вардар во близина на стариот полигон ќе се гради хотелски комплекс.
На вчерашното наддавање за државното земјиште се продадоа и 7 парцели во општината Карпош во близина на базенот Карпош. По неверојатно високи цени од 10.000 денари за квадратен метар се продаде една парцела од 500 квадратни метри и за 15.000 денари по квадрат се продаде парцела од 370 квадрати. Другите 5 парцели се продадоа по цена пониска од 6.550 денари.
ЗА ТРЕВНИКОТ КАЈ ССМ
Неверојатни 140.000 денари за квадрат
За неверојатни 140.000 денари за квадратен метар извесна тетовска фирма „Максит“ ја купи државната парцела од 1.838 квадрати пред зградата на Работничкиот дом во центарот на Скопје.
Претставникот на фирмата „Максит“ беше упорен во наддавањето за оваа локација и со понуда од повеќе од 4 милиони евра го купи земјиштето наменето за изградба на катна гаража. Почетната цена на наддавањето беше 1.500 денари за квадратен метар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

