Контакт

Свет

За робови нема одмори

Објавено пред

Дури и во фирми со звучни имиња, на вработените не им се даваат решенија за годишен одмор, па тие не знаат ни колку денови им следуваат, ниту како може да ги искористат, а казни за газдите и директорите нема, иако законски на сите вработени им следув

dobivaj vesti na viber

ГАЗДИТЕ НЕКАЗНЕТО ГИ КРШАТ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Дури и во фирми со звучни имиња, на вработените не им се даваат решенија за годишен одмор, па тие не знаат ни колку денови им следуваат, ниту како може да ги искористат, а казни за газдите и директорите нема, иако законски на сите вработени им следув

Газдите на големи приватни фирми во Македонија, не ги пуштаат вработените на годишен одмор или им даваат намален број денови и ги кршат работничките права загарантирани со Законот за работни односи. Меѓу нив се и големи компании со звучни имиња кои беа промовирани како значајни странски инвестиции. Во капиталистичка Македонија кога се во прашање одморите, работниците се третираат како робови. На робовладелите им се крева косата на главата кога ќе слушнат дека некој работник сака да оди на одмор. Им се закануваат дека ќе им ја намалат платата, или дека ќе ги избркаат од работа.

Државата нема создаденомеханизам за заштита на вработените и нивните права на гарантиран неплатен годишен одмор. Казните се симболични.

Вработените од синџир супермаркети кои од разбирливи причини сакаа да останат анонимни велат дека нивните газди им дозволуваат да одмараат, но само 10 дена во годината. "Како одмор ни ги сметаат и викендите и празниците. Некогаш ни наложуваат да земеме само два-три дена одмор, со образложение дека фирмата е преблокирана од работа, па ако само еден вработен отсуствува ќе се создаде хаос", тврдат неколку лица кои се вработени на касите во супермаркетите.

Слично е и во угостителската и прозиводствената дејност. Одмор по ќеф на газдата или директорот добиваат текстилците, но и вработени во други фабрики.

Вработените велат дека се исплашени од заканите на претпоставените дека ќе останат без работа па цела година година си остануваат без одмор. Газдите никој не ги казнува, велат тие, оти трудовата инспекција ваквите случаи ги контролира исклучиво по пријави, а нас ни став да повикаме инспектори.

Насер Амети, директор на Државниот трудов инспекторат вели дека секоја година по завршувањето на летните одмори во трудовата инспекција добиваат пријави од вработени чии газди не им дозволиле да се одмараат. "Лани имавме 63 преставки што се однесуваа на работното време , на одморите и отсуствата од работа. Годинава се уште немаме пријави бидејќи е уште рано. Вработените до крајот на јуни ќе ги користат старите одмори", ни рече вчера Амети.

Но, според Амети газдите кои лани биле пријавени поминале неказнети. Ако инспекторите утврдат кршење на Законот за работи односи, вели тој, тогаш пишуваме прекршочни пријави. Во повеќето случаи можело да се реагира навреме и газдите биле само предупредени дека имаат обврска вработените да ги пуштаат на одмор вработените.

Тој вели дека за годишните одмори не можат да прават редовни контроли, бидејќи инспекторите не можат да влезат во секоја фирма во Македонија. Обично, вели Амети, дали вработените користеле одмор проверуваме при контролите за вработување што ги правиме во фирмите. Тогаш инспекторите покрај други документи бараат и решение за одмор кое мора да е потпишано од вработениот. Во повеќето фирми на вработените не им се дава решение за годишен одмор, па не знаат ни колку денови им следуваат, ниту како може да ги искористат. Одморот зависи од желбата и личната проценка на работодавачот.

Според законот за работни односи сите вработени во државава имаат право на годишен одмор и никој не може да им го ускрати. Во Законот стои дека работникот има право на годишен одмор во трање од 20 до 26 дена, кој работникот може да ги искористи во два дела во текот на календарската година. Првиот дел од одморот не смее да биде пократок од 12 дена.

И.Смиљанска

***

Пријавете ги анонимно газдите на 02 3296 310

Фирмите кои не ги пуштаат вработените на одмор, не даваат решенија за одмор, или им даваат помалку денови, вработените може да ги пријават на телефонскиот број 02 3296 310 во Државниот трудов инспекторат, секој работен ден од 8 до 16 часот. За да се заштитат работниците тие не треба да го кажат своето име и презиме туку само името на фирмата во која работат.

Инспекторите од Трудовата инспекција велат дека може да се напише и писмена пријава, но во неа мора да се напише името на вработениот.

***

Јакимовски: Одморот е законско право

Министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски вчера ги повика вработените да ги пријавуваат прекршоците на газдите во Државниот трудов инспекторат. Тој вели дека годишниот платен одмор е законско право на секој вработен во Македонија и газдите мора да го почитуваат.

"Затоа е добро, вработените да бидат организирани во синдикати, кои ќе реагираат за секое кршење на работничките права", вели министерот Јакимовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Маж нападна полицаец со нож во Париз

Објавено пред

Од

Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.

Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време

Објавено пред

Од

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.

dobivaj vesti na viber

„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.

Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.

„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.

„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.

Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп

Објавено пред

Од

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.

dobivaj vesti na viber

Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.

„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.

Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.

На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.

„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.

Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.

Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ15 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија15 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија16 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија17 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија17 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион18 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија19 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија19 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет20 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет20 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа20 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет21 час

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет21 час

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа21 час

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија2 дена

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...