Свет
Болните може да избираат лек со доплата само на хартија
Пациентите сж уште не можат да избираат од која фармацевтска куќа ќе го користат лекот кој им го препишал лекарот, зашто во аптеките не функционира лекот со доплата.
Пациентите сж уште не можат да избираат од која фармацевтска куќа ќе го користат лекот кој им го препишал лекарот, зашто во аптеките не функционира лекот со доплата. Фондот за здравствено осигурување најави дека со воведување на референтните цени за лековите, системот со доплата ќе може да заживее околу 1 јули и тоа за поголемиот дел од лековите од позитивната листа. Но, и по половина месец од најавата, во практика нема ништо. Болните и натаму се принудени да се лекуваат само со препаратите кои Фондот за здравствено осигурување ги избрал како лекови со најповолна понуда на тендерот.
Во аптеките велат дека лекот со доплата не може да профункционира додека ФЗО не ги одредат референтните цени на лековите. Во Фондот не се согласуваат со ваквото образложение од аптеките и сметаат дека доколку сакаат, може да ја спроведуваат оваа новина. Системот со доплата е предвиден со законската регулатива и тој може да се применува за поголемиот дел од лековите од позитивната листа, објаснуваат во Фондот, од каде што додаваат дека референтните цени за најголемиот број лекови од примарната позитивна листа и нема потреба да се одредуваат кога тие се тендерските цени на лековите. За ваквата можност сами да почнат да ја применуваат оваа новина, во Фондот велат дека биле известени аптеките. Зошто не ја практикуваат не им е познато.
Во аптеките се категорични дека додека не добијат црно на бело од Фондот немаат намера да почнат со лекот со доплата.
Во Фондот признаваат дека сж уште работат на референтните цени на лековите. Не се одредени референтните цени на околу сто нови препарати кои со последната ревизија на позитивната листа, направена согласно со новите медицински протоколи, влегоа како понови генерации на препарати со најмногу докази за ефикасност во лекувањето, велат во Фондот. Иако Министерството за здравство уште во мај му ја даде позитивната листа на лекови на Фондот, за овие препарати сж уште се прават математики дали фондовската каса ќе може да ја издржи нивната набавка. Од Фондот велат дека анализа може да трае и една година. (Ј.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

