Свет
Зад микрофонот се крие проституција
Фолк пејачката Јасмина Мукаетова (24) ова лето вистински ќе ужива. Пред два месеци дипломира на Филозовскиот факултет, отсек педагогија и веќе ги пакува куферите за заслужен одмор во Грција.
ФОЛК ПЕЈАЧКАТА ЈАСМИНА МУКАЕТОВА ОТКРИВА:
Фолк пејачката Јасмина Мукаетова (24) ова лето вистински ќе ужива. Пред два месеци дипломира на Филозовскиот факултет, отсек педагогија и веќе ги пакува куферите за заслужен одмор во Грција. Таа 10 години е на естрадата и подеднакво плива и во забавната и во фолк музиката. Овие години, како што вели Мукаетова, беа доволни за да види и свати што се се случува на естрадата кај нас и на Балканот.
-Кога почнував знаев дека треба да ги исполнувам вокалните, визуелните и интелектуалните критериуми. Мислев дека тие се услов за да се биде естраден уметник! Но, денес за жал не можам да кажам дека сум горда на својата професија! Се појавија многу самонаречени естрадни уметници без талент и без образование. Немале време и интерес да се едуцираат па на каков било начин ја деградираат категоријата фолк пејачки и се ставаат во ист кош со зајачиците од "Плејбој"! Не сум за тоа да се настапува закопчан до грло, но мора да се има мера. Нормално е дека треба да има сексипил на сцената, ама повеќето од фолкерките на Балканот не ја распознаваат разликата помегу тоа што е вулгарно, а што секси. Чиста порнографија во спотовите што некои “пејачки” ја користат за да го анимираат, пред се машкиот дел од публиката. Некои од нив микрофонот и епитетот – фолк пејачка – го користат како маска зад која се крие проституцијата. Многу спонзоруши на тој начин се обидуваат да се вовлечат во високите кругови на нашето општество и да си најдат златни кокошки, вели Јасмина.
Јасмина е разочарана од тоа што на Балканот се уште не се ценат вистинските вредности, и предност и се дава на голотијата.
"Не ме чуди тоа што преку ноќ никнуваат нови естрадни фаци, кои единствено можат да отвораат уста на плејбек. Затоа на нас вистинските музичари единствено ни преостанува да се надеваме дека времињата ќе се сменат и секој ќе си го најде своето стадо. Дека микрофонот ке остане само на естрадните уметици. Останатите можеби ќе го добијат тоа што го заслужуваат – легализација на јавните куќи каде што, всушност, и припаѓаат", додава Јамина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

