Свет
Рудниците „Злетово“ и „Тораница“ заглавени во бирократија
Пропаднаа предизборните ветувања на владата во заминување дека рудниците за олово и цинк по речиси четиригодишен стечај ќе проработат летово.
ПО ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ СЕ УДАВИЈА ВЕТУВАЊАТА
Пропаднаа предизборните ветувања на владата во заминување дека рудниците за олово и цинк по речиси четиригодишен стечај ќе проработат летово. Откако англиско-индиската фирма „Бинани“ пред три месеци го презеде имотот во двата капацитета, подготовките за обновување на производството се одвиваат бавно, поради бирократски пречки со кои се соочувале новите сопственици.
Од оваа фирма вчера не објаснија зошто, спротивно на најавите, се забавени работите за рестартот. Неофицијално, најголема кочница била хипотеката врз дел од имотот, која засега никој не сака да ја регулира. Индијците сакале во исто време да ги пуштат во погон и двата рудника, а не само „Злетово“, бидејќи тоа било предуслов Европската банка за обнова и развој да ја кредитира „Бинани“.
Од Министерството за економија како координатор на продажбата на рудниците вчера беа без коментар зошто двата од четирите поголеми рудници во земјава се уште не проработеле.
Во предизборието, во Крива Паланка, министерот за финансии во заминување ги убедуваше тамошните жители дека „Бинани“ е квалитетна фирма, која повторно и успешно ќе го заживеела „Тораница“.
– Граничниот премин Деве Баир, како еден од главните коридори, ќе биде меѓу четирите гранични премини што ќе се модернизираат во наредните четири години, а рудникот „Тораница“ меѓу најзначајните капацитети што ќе се рестартираат. Иако постои недоверба, ве уверувам дека индиската компанија „Бинани“ е сериозен партнер и веќе во август првите тони руда од „Тораница“ ќе бидат извезени од Македонија, а во јули ќе почне да работи „Злетово“ – ветуваше Поповски во Крива Паланка.
Како што велат поранешни вработени во „Злетово“, рудникот со динамиката со која се подготвува не може да биде ставен во кондиција најмалку уште половина година, иако Индијците новиот почеток го најавија најдоцна до средината на август.
Според информациите, виновни за одложувањето на рестартот на „Тораница“ биле сложените бирократски процедури, а се искомплицирал и престојот на инженерите на „Бинани“ во земјава. Тие не можеле да добијат дозвола за работа од македонските власти.
Во текот на вчерашниот ден, допис до Индијците испратил општинскиот синдикат во Пробиштип, кој оформил координативно тело од експерти што пред ликвидацијата на „Злетово“ биле на високи позиции во фирмата. Тие се заканија со протест, ако во рок од седум дена новите газди не вратат 500 поранешни вработени во рудникот. Тие инсистираат „Бинани“ да ги почитува обврските што ги наследила од поранешните сопственици на имотот на американски „Ксеминекс“ и на 380 вработени да им исплати вкупно 170.000 евра бидејќи не ги вратила на работа. Засега, во подготовките за рестарт на „Злетово“ се вратени 120 работници. Во двата капацитета на вработување се надеваат над 1.500 поранешни рудари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

