Свет
Државни службеници и бизнисмен го оштетиле Буџетот со над милион евра

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе иницијатива за казнено гонење на лица во Јавното правобранителство и во Министерството за транспорт и врски поради исплатената отштета од над милион евра на приватната фирма "Упа ентерпрајз Љупчо ДООЕЛ"
АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ПОСОЧУВА НА КРИМИНАЛ ВО ИСПЛАТЕНАТА ОТШТЕТА НА ФИРМАТА "УПА ЕНТЕРПРАЈЗ"
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе иницијатива за казнено гонење на лица во Јавното правобранителство и во Министерството за транспорт и врски поради исплатената отштета од над милион евра на приватната фирма "Упа ентерпрајз Љупчо ДООЕЛ", за рушењето на дел од неговите објекти на улицата Пиринска број 43 и 45 во Скопје. Комисијата тврди дека има основано сомневање дека со ваква одлука е оштетен Буџетот на државата. Кривична одговорноет ќе се бара и од сите вмешани лица од фирмата "Упа ентерпрајз Љупчо ДООЕЛ", сопственост на бизнисменот Љупчо Палевски, како и од адвокатот – полномошник на фирмата во предметот. Предметот ќе се достави и до Врховниот суд и до РСС за да се испита одговорноста на судиите во предметот.
"Предизвикана е штета од големи размери на државниот буџет од 70.676.000,00 денари. Има основано сомнение во основата за досудување, висината и исплатата на надомест на штета на Упа ентерпрајз Љупчо ДООЕЛ, бидејки со пресудата на Врховниот суд од 14. 02. 2002 година се потврдува решението за укинување на одобрението за градење на овие објекти. Јавниот правобранител не вложил жалба против пресудата на Основниот суд Скопје 1, со што државата неосновано била задолжена да плати штета од 51.571.524,00 денари со камата. Во постапката јавниот правобранител не вложил никакво редовно или вонредно правно средство. Неговиот заменик на главната расправа не покажал никаква активност и не предложил никакво дејство за утврдување на фактичката состојба и за оспорување на тужбеното барање. Со тоа заменикот ја злоупотребил службената положба и не ја извршил службената должност. Во постапката не било направено ништо друго освен едно недоволно критички оценето вештачење, не е изведен и утврден ниту еден друг доказ"", се вели во соопштението на Комисијата.
Исплатата на досудената штета во вкупен износ од 70.676.000,00 која се состои од 51.571.524,00 денари штета и 19.104.476,00 денари камата или 1.149.203 евра, е извршена на сметката на адвокатот Славко Секулов, а не на фирмата Упа ентерпрајз Љупчо ДООЕЛ, информираше вчера Антикорупциската. (Е.З.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.