Свет
Зградата на Матица на иселениците е ново „Бачило“
Демократската обнова на Македонија се сомнева дека досегашната Влада, судот и Јавното правобранителство му овозможиле на Иван Петрески-Џо незаконски да ја добие зградата на Агенцијата за иселеништво.
Демократската обнова на Македонија се сомнева дека досегашната Влада, судот и Јавното правобранителство му овозможиле на Иван Петрески-Џо незаконски да ја добие зградата на Агенцијата за иселеништво.
Според лидерката на ДОМ Лилјана Поповска, државата е оштетена за околу 1.5 милион евра, а криминалот бил направен на сличен начин како аферата „Бачило“. Таа побара Антикорупциската комисија да го разгледа случајот и да покрене иницијатива пред надлежните органи за заштита на државниот имот.
– Матицата на иселеници е формирана во 1951 година и не е правен претходник на Матицата за иселеници на Петрески-Џо, која е регистрирана во 1998 година. Скопскиот основен суд 1 на 1 февруари 2000 година го одби како неосновано барањето на Петрески-Џо да ја добие зградата. По поднесената жалба, судот го прифатил барањето. Зградата е купена со пари на државата, доказ за тоа е решението на Извршниот совет од 18 јуни 1963 година. Ако судот го имал предвид овој факт, ќе донел законска одлука. Во судскиот процес затаило и Јавното правобранителство, не поднело жалби за да го заштити државниот имот – изјави Поповска на вчерашната прес-конференција.
Таа истакна дека во Статутот на здружението на Петрески-Џо при неговото регистрирање, не е посочено дека поседува недвижен имот на улицата 27 Март, број 5, што е законска обврска.
(М.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

