Свет
Правобранителството првпат ја гледа пресудата за дивоградбите на Палевски
Јавното правобранителство на Македонија воопшто не знаело дека постои пресуда од Врховниот суд дека биле дивоградба двата ката на зградата во сопственост на УПА Ентерпрајз, односно на Љупчо Палевски во скопско Дебар Маало, кои ги урна Градежната инспекција и за кои државата го обештети за милион и сто евра.
Јавното правобранителство на Македонија воопшто не знаело дека постои пресуда од Врховниот суд дека биле дивоградба двата ката на зградата во сопственост на УПА Ентерпрајз, односно на Љупчо Палевски во скопско Дебар Маало, кои ги урна Градежната инспекција и за кои државата го обештети за милион и сто евра.
"За првпат таа пресуда ја видовме пред една недела, во документите што ни ги достави Антикорупциската комисија", тврдат во Јавното правобранителство, кое во посебниот судски спор за бараната отштета, го застапуваше Министерството за транспорт и врски.
Покрај овој куриозитет, во Правобранителството откриваат и дека од 2003 година чекаат одговор на тужбата за добиената отштета од милион и сто евра. До денеска Министерството не им одговорило ништо, тврдат во Јавното правобранителство. Во времето кога се случи аферата министри за транспорт беа Миљаим Ајдини кого го замени Агрон Буџаку.
Таму се уште се испитува целиот случај, а официјалниот став – кој е виновен за исплатата на дебелата отштета, за која Врховниот суд минатата недела се изјасни дека не е легална, изостана и вчера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

