Свет
Одморите го одложија рестартирањето на Злетово
Газдите на Рудникот Злетово – Индо минералс и Металс (Бинани индустри) – се правдаат дека рестартирањето на рудникот не се реализира според планираното поради годишните одмори во Македонија и во Европа
ИНДИСКИТЕ ГАЗДИ ГИ ПОВТОРИЈА СТАРИТЕ ВЕТУВАЊА ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО РУДНИКОТ
Газдите на Рудникот Злетово – Индо минералс и Металс (Бинани индустри) – се правдаат дека рестартирањето на рудникот не се реализира според планираното поради годишните одмори во Македонија и во Европа, од каде требало да им пристигне опремата и резервните делови. Генералниот менаџер на компанијата Абхој Прасад Мухарџи вчера соопшти дека враќањето на работа на поранешните рудари се реализира според планот презентиран во средината на јуни годинава, како и дека деновиве Индо минералс и Металс ќе го објават официјалниот список за вработување на уште 300 нови работници во следното тримесечје.
"Новите работници нема да бидат ангажирани само со цел да ги помогнат и забрзаат активностите за рестартирање на двата рудника, туку тие ќе бидат приклучени кон ‘Индо минерал и Металс’ семејството, каде приоритет ќе биде обезбедување на високо ниво на сигурност", вели Мухарџи во соопштението во кое објаснува и дека фактот што рудникот не работеше повеќе од пет години е показател за тоа колку време, енергија, работна сила, инвестиции и професионалност се потребни за да се осигура не само безбедно и ефикасно рестартирање, туку и континуирано и непречено производство во рудникот. Во меѓувреме во рудникот се прават проби на различна опрема и при тоа околу 400 тони необработена руда била веќе издробена и складирана за понатамошна преработка.
Реакцијата на индиските газди на рудникот следува по протестите, што се случија на почетокот на месецов, кога поранешните рудари најавија дека од Владата бараат раскинување на купопродажниот договор за рудникот Злетово, бидејќи купувачот не ги реализирал преземените обврски за рестартирање на производството. Координативното тело на поранешните рудари тврдеше дека според купопродажниот договор новиот газда имал обврска уште во текот на мај да врати на работа 500 од вкупно 1300 рудари што останаа без работа и да инвестира 5 милиони евра во обновување на производството. (Т.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Жителите на Нови Пазар утрово ги разбуди слаб земјотрес, известуваат медиумите во Србија.
Јачината на земјотресот е 2,5 степена според Рихтеровата скала, а е регистриран во 7.37 часот.
Се проценува дека интензитетот на ударот во епицентарот е III-IV од Меркалиевата скала.
Свет
Генералното собрание на ОН би требало да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја поддржи палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН со тоа што ќе ја признае како квалификувана за членство и ќе го испрати барањето назад до Советот за безбедност на ОН „да го преиспита прашањето во корист на Палестинците“.
Палестинците ја оживуваат својата кандидатура за полноправно членство во ОН, кое декларативно би ја признало палестинската држава, откако САД ставија вето во 15-члениот Совет за безбедност на ОН минатиот месец.
Гласањето на Генералното собрание од 193 члена се смета за испитување на светското мислење за палестинското прашање. Барањето за полноправно членство во ОН прво мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа и од Генералното собрание.
Но, иако самото Генерално собрание не може да даде полноправно членство во ОН, нацрт-резолуцијата за која се гласа денеска ќе им даде на Палестинците некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година, како што е место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но тие нема да имаат право на глас во телото.
Дипломатите велат дека нацрт-текстот најверојатно ќе ја добие поддршката потребна за усвојување.
Свет
Двајца скијачи загинаа во лавина во САД, третиот успеал да се ископа од снегот
Откако вчера започна лавина во планините покрај Солт Лејк Сити, Јута, двајца скијачи загинаа, додека властите успеаја да спасат трет со хеликоптер.
Несреќата се случила во близина на Лон Пик, каде неодамна паднаа над 76 сантиметри снег. Центарот за лавина во Јута (UAC) ја потврди смртта на двајца мажи. Спасувачите досега не можеа да стигнат до нивните тела поради небезбедни услови. Центарот наведува дека фаталните лавини се ретки во овој период од годината.
Спасувачите со хеликоптер стигнале на местото на несреќата во кањонот Литл Котонвуд и потврдиле дека двајца скијачи загинале, пишува Би-би-си.
Третиот скијач успеал да се ископа од лавината и бил пренесен во болница. Имињата на загинатите мажи се уште не се објавени, но станува збор за скијачи на возраст од 23 и 32 години. Едниот бил од Јута, додека другиот пристигнал да скија од друга американска држава.