Свет
Во Македонија бизнисот и корупцијата одат рака под рака

Експертите сметаат дека корупцијата се намалува во сите земји во транзиција, но статистиката покажува дека на домашните фирми природно им доаѓа да плаќаат „под рака“
Експертите сметаат дека корупцијата се намалува во сите земји во транзиција, но статистиката покажува дека на домашните фирми природно им доаѓа да плаќаат „под рака“
Македонската економија и корупцијата се како петок и сабота. Ова произлегува од новата анализа на Светската банка за нивото и влијанието на корупцијата врз бизнисот во земјите во транзиција насловена како „Антикорупција во транзицијата – кој успева и зошто?“.
Во заклучокот на извештајот пишува дека состојбата се подобрува во сите земји во транзиција, вклучувајќи ја и Македонија. Но, статистиката покажува дека во Македонија на фирмите се’ уште речиси природно им доаѓа да платат „под рака“ за успешно да го водат својот бизнис.
Анализата е направена за периодот 2002-2005 година, а при тоа се споредувале податоците со состојбата во претходниот тригодишен период (1999-2002 година). Во неа, нивото и влијанието на корупција се сумира според четири мерни индекси: колкав процент од фирмите ја гледаат корупцијата како пречка за бизнисот, фреквенција на корупцијата – колку е честа, сумата што се дава како мито и влијанието на делот што државните институции го земаат како мито од фирми-конкуренти.
Македонија е меѓу лидерите во споредба со другите земји од транзиција во три од овие четири мерни индекси. Според тоа колкав процент од домашните компании ја гледаат корупцијата како пречка за бизнисот експертите од Светската банка забележале и значителен пораст во споредба со претходниот период. На ова прашање позитивно одговориле над 50 отсто од анкетираните фирми, што е речиси двојно повеќе во споредба со 1999-2002 година. Според овој индекс Македонија е на трето место од земјите во транзиција. Полоша е состојбата само во Киргистан и во Албанија.
Лошо стоиме и според тоа колку честа појава е корупцијата. Дури 23 проценти од македонските фирми сметаат дека многу често се принудени да платат мито за да завршат некоја работа. А, заедно со Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Црна Гора, државава е лидер и по тоа колку фирмите сметаат дека делот што државните институции го земаат од фирмите – конкуренти има значително влијание во бизнисот.
Значително подобрување има само во тоа колкав процент од вкупните годишни приходи на фирмите се дава како мито. Ова е единствениот мерен индекс за корупција според кој Македонија е многу подобра во споредба со другите земји во транзиција. Тука е остварен и најголемиот (позитивен) пад во споредба со претходниот период. Во 2005 година фирмите за мито од годишните приходи одвојувале само околу 0,5 отсто, што е над пет пати помалку отколку во 2002 година.
Во заклучокот на анализата се вели дека македонските компании сметаат оти корупцијата во 2005 година била значително поголема пречка за бизнисот во споредба со состојбата во 2002 година. Подобрување е забележано во поглед на корупцијата во даночната администрација и особено во Царината – двојно помал број фирми оцениле дека корупцијата во Царината е честа. Нема никакво подобрување во поглед на корупцијата во судството.
Александар Димишковски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
По пет дена потрага уапсен мажот, осомничен за убиството на својата сопруга и дете во Босна и Херцеговина

Емир Селимовиќ, 38-годишен маж осомничен за убиство на сопругата и синот во Калесија, кај Тузла во Босна и Херцеговина, е уапсен по петдневна потрага, јавува порталот АТВ.
Припадниците на МВР на Република Српска го пронашле во селото Горња Мравица кај Прњавор, каде во четвртокот било откриено и неговото возило. Според неофицијални информации, Селимовиќ бил забележан од мештаните и веднаш ја известил полицијата, по што набрзо бил уапсен.
Телата на неговата сопруга Инела Селимовиќ (37) и нивниот тринаесетгодишен син беа пронајдени на 12 февруари во нивниот заеднички стан во Калесија. Се верува дека Емир Селимовиќ ги задавил.
По убиството, Селимовиќ побегнал со автомобил „шкода фабија“. Автомобилот подоцна бил пронајден во селото Горња Мравица кај Прњавор, но осомничениот се уште бил во бегство. Според извештаите, Селимовиќ бил виден на камерите во Челинац кај Бања Лука за време на неговото бегство.
По опсежна потрага бил лоциран и уапсен во село Горња Мравица.
Свет
Лавров денеска оди во Саудиска Арабија: Русија ги потврди разговорите со САД за Украина

Двајца високи руски функционери ќе отпатуваат во Саудиска Арабија за да се сретнат со нивните колеги од САД, потврди Кремљ.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на претседателот Владимир Путин, во понеделник патуваат за Ријад, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Се очекува дуото да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио и со Кит Келог, специјалниот пратеник на Вашингтон за Украина и Русија, за да се подготват за мировните преговори за Украина.
Зближувањето на Трамп со Русија ја зголеми загриженоста во Украина и Европа дека Вашингтон би можел да се трка за да обезбеди мировен план со кој ќе отстапи дел од украинската територија со мало учество на Киев или неговите европски сојузници.
Ниту украински, ниту европски претставници не учествуваат на разговорите во саудискиот главен град Ријад, иако Рубио во неделата истакна дека и Украина и Европа ќе треба да бидат вклучени во какви било „преговори“ што ќе произлезат од состанокот.
Европа
Рубио: Европа и Украина ќе бидат вклучени во вистински мировни преговори

Американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за Си-би-ес изјави дека Украина и Европа ќе бидат вклучени во какви било вистински преговори со цел да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
Рубио ја минимизираше европската загриженост дека тие би можеле да бидат исклучени од претстојните мировни преговори меѓу Русија и САД, кои ќе се одржат во Саудиска Арабија во наредните денови. Тој нагласи дека преговарачкиот процес се уште не е започнат сериозно, но доколку разговорите продолжат, ќе бидат вклучени Украина и европските земји.
Рубио потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела. За време на тој разговор, Путин изрази интерес за мир, додека Трамп јасно стави до знаење дека сака траен договор што го обезбедува суверенитетот на Украина.
„На крајот на краиштата, ако ова се вистински преговори – а ние сè уште не сме во тој момент – Украина ќе мора да биде вклучена бидејќи таа е нападната, а Европејците ќе мора да учествуваат бидејќи тие се оние кои воведоа санкции кон Путин и Русија“, рече Рубио.
„Еден телефонски повик не носи мир“, додаде тој, истакнувајќи дека следните неколку недели ќе бидат клучни за проценка на сериозноста на овие разговори.
На прашањето дали разговарал за укинување на санкциите кон Русија за време на телефонскиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во саботата, Рубио одби да даде јасен одговор. Но, рече дека разговарале за тешките услови под кои работи американската амбасада во Москва.
Тој додаде дека функционалните амбасади во двете земји се клучни за напредок во мировниот процес.