Свет
Владата му должи 290.000 евра на „Тарбс", ама не предвидела пари во Буџетот
Министерството за транспорт и врски го избрало сателитскиот провајдер „Тарбс" без распишување тендер
Министерството за транспорт и врски го избрало сателитскиот провајдер „Тарбс" без распишување тендер
Министерството за транспорт и врски потпишал анекс-договор за плаќање услуги на сателитскиот провајдер „Тарбс" во висина од 290.000 евра без претходно да се обезбедат пари од Буџетот на Република Македонија. Владата, практично со овој анекс се обврзала дека до крајот на годинава ќе му ги исплати овие пари на „Тарбс", кој ја пренесува сателитската програма на Македонската радио-телевизија, иако не се предвидени пари за оваа намена. Ова стои во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија на материјално-финансиското работење на Министерството за транспорт и врски. Според извештајот, министерот за транспорт и врски во заминување, Џемали Мехази, со потпишувањето на анекс-договорот се обврзал и дека Владата во име на „Тарбс" треба да плати долг од 324.000 евра на ЈП „Македонска радио-телевизија", за авторските права на програмите.
Државниот завод за ревизија оценил дека со потпишување на анекс-договорот на товар на Буџетот ќе се наметнат обврски кои, согласно со основниот договор, воопшто не се предвидени ниту, пак, можат да следуваат. Токму од тие причини, Државниот завод за ревизија предлага да се преиспита донесената одлука за потпишување на анекс-договорот. Истовремено, ревизорите истакнуваат дека Министерството за транспорт и врски со овој договор прифатило да користи услуги од „Тарбс" за пренос на програмите на Вториот канал без спроведување меѓународен јавен тендер, спротивно на Законот за јавни набавки.
Коментирајќи ги наводите од ревизорскиот извештај, вчера од сателитскиот провајдер „Тарбс" изјавија дека Владата, всушност, треба да им плати многу поголема сума од онаа што стои во извештајот. Тони Русомаровски од „Тарбс" тврди дека Владата наместо 290.000 евра треба да им исплати 1,7 милиони евра за сателитскиот пренос на програмите на Македонската радио-телевизија. (В.Г.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.