Свет
Руската нафта се купува евтино, дериватите се продаваат скапо?
Регулаторите и ОКТА тврдат дека кај цената на бензините не се можни никакви „подземни договори"
Регулаторите и ОКТА тврдат дека кај цената на бензините не се можни никакви „подземни договори"
Дали рафинеријата ОКТА купува многу поевтина руска нафта и потоа ја преработува и продава многу поскапо на македонскиот пазар? Точно ли е дека руската нафта што се набавува кај нас е со послаб квалитет, бидејќи, наводно, содржела многу повеќе сулфур и затоа била многу поевтина? Врз основа на тоа, дали и кој остварува евентуални заработки од разликата во цената, што, пак, ја плаќаат крајните потрошувачи преку купувањето на нафтените деривати? Овие дилеми стануваат сж поактуелни по нафтениот шок што го тресе светот речиси една година. И, конечно, се прашуваат многумина, можно ли е нафтата да е набавена пред неколку месеци, кога цената ч беше многу пониска на светските пазари, а да се продава сега, кога е многу поскапа.
Овие нејаснотии испливуваат на површина во период кога цел свет трепери под налетот на високите нафтени цени, а во земјава има континуиран пораст на вредноста на нафтените деривати. Завчера, по долг период само поскапување, бензините поевтинија за симболични 0,76 отсто, согласно со последната одлука што ја донесе Регулаторната комисија.
Но, сите претходно изнесени шпекулации и дилеми најкатегорично ги демантираат и во Регулаторната комисија за енергетика и во рафинеријата ОКТА. Регулаторите прецизно објаснуваат дека цената на нафтените деривати се утврдува врз основа на модел кој е „чиста математика" и каде што не се возможни никакви „подземни договори", туку само прецизни пресметки и дневни следења на берзанските цени. „Цената на нафтените деривати се утврдува на секои 14 дена, согласно со движењата на цената на суровата нафта тип брент. Тоа е норвешка лесна нафта, чија цена се публикува секој ден во лондонското списание „ПЛАТТС". Ние ја земаме просечната цена од претходните 14 дена, што е математички модел, и тука нема ништо тајно. Притоа, се земаат предвид и цените на нафтените деривати на светските берзи како референтни цени. Потоа се пресметува и колку изнесуваат транспортните трошоци на ОКТА, како и маржата што ја наплатува рафинеријата за преработка", објаснуваат во Регулаторната комисија. Мора да се води сметка и за моменталниот курс на доларот, бидејќи нафтата се купува во долари, а тука се продава во денари. Така се добива излезната рафинериска цена, на која потоа се додаваат трошоците за превоз до пумпите и маржите и се добиваат малопродажните цени. Регулаторите потенцираат дека на кој износ ќе се утврдат цените воопшто не зависи од тоа дали и колкаво поскапување бара ОКТА, туку само од оваа методологија која, според нив, многу е коректна.
„Точно е дека ОКТА во тој 14-дневен период можела да работи со друг тип нафта, која може да не е брент. Но, кој тип нафта ќе го преработува зависи од тоа какви нафтени деривати сака да добие. Во секој случај, според стандардите точно е утврдено од каква нафта колку и какви деривати се добиваат. Ако сака повеќе светли деривати – бензини и дизел, ќе преработува лесна и поскапа нафта која дава повеќе такви деривати, а ако сака мазут, ќе преработува тешка нафта. Тоа зависи од менаџерскиот тим на ОКТА и не може никој да им го диригира, а се раководат од она што им го бара пазарот и од нивниот технолошки процес", потенцираат регулаторите.
Во Регулаторната велат дека тоа дали ОКТА чува одредени резерви нафта купени по одредена цена е нејзин ризик, бидејќи ако поскапи, може да заработи, но ако поевтини, ќе оствари загуба. И, конечно, објаснуваат регулаторите, самата рафинерија мора да си води сметка за цената, бидејќи ако и е превисока, фирмите што увезуваат ќе набават по поевтина цена и таа би остварила загуба.
Истото објаснување вчера ни го дадоа и неофицијални извори од ОКТА. Оттаму нагласуваат дека Регулаторната ја одредува цената, а дали рафинеријата се согласува или не, тоа е нејзин проблем. „Од квалитетот на нафтата што ја обработуваме зависи колку ќе нж чини и ќе трае процесот на обработка. Колку е полош квалитетот на нафтата што се обработува толку е поскапо и полошо за нас, бидејќи имаме повеќе остатоци. Но, најбитно е тоа дека каква било нафта да обработуваме, таа од кај нас излегува со сертификат, што е доказ за нејзиниот квалитет", децидни се експерти од рафинеријата кои бараат да останат анонимни. Истите извори тврдат дека измислената тема за „руската нафта со сулфур" секогаш злонамерно ја пласираат одредени кругови во отсуство на други атрактивни приказни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

