Свет
Кинеска бомба пукна пред куќата на градоначалникот на Шуто Оризари
Повредени нема, иако во куќата биле таткото, сопругата и синот на градоначалникот Исеини
Повредени нема, иако во куќата биле таткото, сопругата и синот на градоначалникот Исеини
ГОРАН АДАМОВСКИ
Полицијата сж уште не знае кој фрли бомба пред куќата на градоначалникот на Шуто Оризари, Ердоан Исеини. Потрагата по извршителите и по евентуалните наредувачи на нападот е во тек. Неофицијално дознаваме дека истрагата тапка во место, бидејќи засега нема ниту едно осомничено лице како учесник во инцидентот.
Бомбашкиот напад се случи во неделата околу еден часот по полноќ во куќата на семејството Исеини на улицата „Јуриј Розентал" во Шуто Оризари. Експлозивната направа од кинеско производство, т.н. „крушка", засилена со повеќе шрапнели и со разорна моќ од триесетина метри го пробила бетонот пред влезната врата, а шрапнелите ги оштетиле ѕидовите на еднокатната куќа. Во моментите на експлозијата, градоначалникот Исеини не бил дома.
„Не настрада никој, иако во куќата беа татко ми, сопругата и синчето, па освен првичниот шок, не чувствува последици. Среќа што влезната врата ни е дебела, па веројатно тоа колку толку ја неутрализирало бомбата", вели градоначалникот Исеини.
По експлозијата, таткото на градоначалникот, Шаип Исеини, излегол надвор и од пиштолот што го поседувал со дозвола испукал два куршума во воздух.
Десетина минути подоцна, пристигнала и полицијата, која најнапред детаљно го пребарала дворот, стравувајќи да не има уште некоја бомба. Соседите не сакаат да зборуваат многу, само велат дека виделе оти напаѓачите дошле со голем автомобил со бела боја и во движење ја фрлиле бомбата, по што побегнале.
„Не можам никого да посочам, но свесен сум дека градоначалничката функција во општина каква што е Шуто Оризари, носи многу непријатели. Јас и моите соработници започнавме серија потези, кои би требало да направат ред во поглед на комуналиите и дивоградбите, бидејќи факт е дека денес секој гради што сака без да има дозвола за тоа. Во Општината отворивме и полициско одделение, па веројатно сето тоа некому не му се допаѓа", вели градоначалникот Ердоан Исеини.
Тој веќе неколку пати добивал закани за неговиот и за животот на најблиските соработници.
„Проблемите започнаа уште за време на локалните избори, кои знаете дека неколку пати се повторуваа од добро познати причини. Оттогаш наваму добивам и лични и индиректни закани за мојот живот, а некогаш и по животите на моето семејство и на најблиските соработници", тврди Исеини и дополнува дека сега работите се во рацете на полицијата.
„Некои мои пријатели и блиски луѓе ми сугерираат да преземеме нешто, но јас катерогично ги одбивам. Што ќе биде ако секој од нас ја земе правдата во свои раце? Јас верувам во институциите на државата и очекувам полицијата да си ја заврши својата задача", потенцира градоначалникот Исеини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка: Европа мора да се вооружа со сила и одлучност
Европа мора да се вооружа со сила и одлучност за да се соочи со новиот глобален „неред“, порача данската премиерка Мете Фредериксен на почетокот на дипломатската иницијатива на Минхенската безбедносна конференција.
Голем дел од вниманието на овој важен собир е насочен токму кон Данска и нејзината делегација, а значењето на присуството на Фредериксен беше потврдено и од германскиот политичар Фридрих Мерц, кој во својот говор експлицитно ја спомена Фредериксен и поддршката што ѝ ја дава Европа.
Премиерката пристигна во Минхен во придружба на министрите за надворешни работи и одбрана, а конференцијата претставува прва значајна можност за директни разговори со претставници на САД и други партнери по дипломатската криза предизвикана од спорот околу Гренланд.
Во рамки на дипломатските активности, најавен е и состанок меѓу Фредериксен и американскиот државен секретар Марко Рубио, а една од клучните теми ќе биде токму прашањето за Гренланд.
Свет
Фински политичар до малите држави: Приклучете се кон ЕУ, тоа ви носи заштита
Во рамки на дискусијата за глобалната трговија и иднината на државите во новиот светски поредок, финскиот политичар Александар Стуб даде јасен совет за обезбедување стабилност. Според него, најдобриот рецепт за помалите држави е членство во Европската унија, додека директорката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала, истакна дека и покрај критиките, постоечкиот систем покажува отпорност.
На прашањето како другите земји би требало да постапат за да си ја обезбедат иднината, Стуб полушеговито одговорил: „Приклучете се кон Европската унија – тоа ви носи заштита“, изјавил тој.
Како што посочил дека важноста на ваквите сојузи станала уште поочигледна по заканите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд.
Стуб објасни дека царини не може да се воведат само за некои членки, бидејќи „тогаш царина од 25% би важела за целата Европска унија“. На малите и средни сили кои не се членки на ЕУ им препорача активно да се вклучат и да ги поддржат мултилатералните трговски организации, за да обезбедат одредено ниво на заштита.
Претходно, на иста тема се осврна и директорката на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала, која изјави дека иако не се согласува со едностраните потези на САД, се согласува со многу од нивните критики кон трговскиот систем.
„Системот не се развиваше, не се менуваше брзо и не реагираше соодветно на светските промени. Некои од критиките дека не функционира добро се основани“, призна таа.
Сепак, таа нагласи дека:
„И покрај огромните пореметувања и најголемото поткопување на глобалните трговски правила во последните 80 години, системот покажува отпорност.“
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.

