Свет
Една година затвор за лекар од „Идризово“
Благојче Стевановски зел 700 евра поткуп за да издаде потврда со која на затвореник требало да му биде прекината затворската казна
Благојче Стевановски зел 700 евра поткуп за да издаде потврда со која на затвореник требало да му биде прекината затворската казна
Психијатарот Благојче Стевановски од Болницата за зависности во Кисела Вода, кој работи хонорарно во затворот „Идризово“, вчера беше осуден на една година затвор за примање поткуп. Со одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, Стевановски ќе биде ослободен од притвор се’ до правосилноста на пресудата. Тој е осуден бидејќи зел поткуп од 700 евра за да потпише потврда со која на осуденик од „Идризово“ требало да му биде прекинато издржувањето на затворската казна.
Според пресудата, неговата роднина Катерина Јаниќ, која е второобвинета во случајот, беше осудена на условна затворска казна зашто помогнала во примањето на поткупот.
Јаниќ доби шест месеци затворска казна, која нема да ја одлежи ако во наредните две години не стори друго кривично дело. Двајцата вчера мирно ја прифатија пресудата, но нивните бранители најавија жалби до Апелацискиот суд. Адвокатот Стеван Павлевски, бранител на Стевановски, претходно во завршните зборови побара ослободителна пресуда за неговиот клиент, зашто во случајот станувало збор за враќање на заем, а не за примање на поткуп.
Павлевски вели дека Стевановски по службена должност не можел да дава мислење со кое затвореник би бил ослободен од понатамошното издржување на затворската казна. Настанот се случил кон крајот на јули годинава. Лекарот, кој хонорарно работел и во затворот „Идризово“, преку неговата роднина Јаниќ стапил во контакт со жената на затвореникот. Јаниќ и’ ветила на скопјанката дека за сума од 700 евра психијатарот може да потпише медицински документ со кој затвореникот би бил на слобода. Двете жени се сретнале во локал во Скопје, а откако се договориле за сумата, жената на затвореникот го пријавила случајот во полициска станица, каде што парите ги обележале. По извршениот претрес, кај лекарот биле пронајдени обележаните девизи. Истражен судија тогаш им одреди притвор на обвинетите. Двајцата осудени сега ќе се бранат од слобода се’ до правосилност на пресудата.
(А.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

