Свет
Аларова со нов sид ќе го потпира Водно
Новиот sид ќе се гради многу скоро, но не на истото место каде што е сегашниот што се урива, бидејќи треба да биде направен во согласност со Деталниот урбанистички план
ОТКАКО ГО УРНА ПОСТОЈНИОТ
Новиот sид ќе се гради многу скоро, но не на истото место каде што е сегашниот што се урива, бидејќи треба да биде направен во согласност со Деталниот урбанистички план
Градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова, ќе гради нов потпорен sид на улицата Салвадоре Аљенде на Водно, но не на местото на сегашниот што се урива туку во близина. За sидот е нарачан план, и треба да се изработи многу бргу во согласност со деталниот урбанистички план.
Од Одделението за односи со јавност на Општина Центар велат дека експерти деновиве ќе утврдат кои се најризчните места од планината кои треба да ги зајакнат со sид. Според општинарите, новиот sид ќе треба да ги заштити куќите од лизгање на земјиштето. Поради исечената шума на чие место се градат нови згради, куќите кои се десетина метра под улицата, постојано се на удар на надојдената вода од планината која со себе носи камења и земја.
Општина Центар донесе решение за уривање на sидот, бидејќи градежната инспекција утврдила дека тој е направен во туќи дворови. Него пред повеќе од една година го направија градските власти за да ги заштитат куќите, но според Аларова без соодветна градежна документација.
Луѓето кои живеат на Салвадоре Аљенде пред три дена најавија дека од градоначалничката Аларова ќе побараат отштета за уништените куќи чии sидови се напукнати од силните потреси на градежните машини. Тие најавуваат и дека ќе ги тужат инвеститорите на новите згради ако кренат уште по два ката. Според нив откако ќе се тргне sидот газдите на зградите планираат објектите да ги прошират на улицата и да ги направат повисоки од 8,5 метри колку што е дозволено да се гради во овој дел од Градот.
Според жителите, работниците кои ги кршат огромните бетонски плочи ги ангажирал непознат инвеститор. Тие веќе десетина дена го отстрануваат sидот. Најголем дел од плочите биле срушени на празникот 8 септември и во саботата. (И.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка: Европа мора да се вооружа со сила и одлучност
Европа мора да се вооружа со сила и одлучност за да се соочи со новиот глобален „неред“, порача данската премиерка Мете Фредериксен на почетокот на дипломатската иницијатива на Минхенската безбедносна конференција.
Голем дел од вниманието на овој важен собир е насочен токму кон Данска и нејзината делегација, а значењето на присуството на Фредериксен беше потврдено и од германскиот политичар Фридрих Мерц, кој во својот говор експлицитно ја спомена Фредериксен и поддршката што ѝ ја дава Европа.
Премиерката пристигна во Минхен во придружба на министрите за надворешни работи и одбрана, а конференцијата претставува прва значајна можност за директни разговори со претставници на САД и други партнери по дипломатската криза предизвикана од спорот околу Гренланд.
Во рамки на дипломатските активности, најавен е и состанок меѓу Фредериксен и американскиот државен секретар Марко Рубио, а една од клучните теми ќе биде токму прашањето за Гренланд.
Свет
Фински политичар до малите држави: Приклучете се кон ЕУ, тоа ви носи заштита
Во рамки на дискусијата за глобалната трговија и иднината на државите во новиот светски поредок, финскиот политичар Александар Стуб даде јасен совет за обезбедување стабилност. Според него, најдобриот рецепт за помалите држави е членство во Европската унија, додека директорката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала, истакна дека и покрај критиките, постоечкиот систем покажува отпорност.
На прашањето како другите земји би требало да постапат за да си ја обезбедат иднината, Стуб полушеговито одговорил: „Приклучете се кон Европската унија – тоа ви носи заштита“, изјавил тој.
Како што посочил дека важноста на ваквите сојузи станала уште поочигледна по заканите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд.
Стуб објасни дека царини не може да се воведат само за некои членки, бидејќи „тогаш царина од 25% би важела за целата Европска унија“. На малите и средни сили кои не се членки на ЕУ им препорача активно да се вклучат и да ги поддржат мултилатералните трговски организации, за да обезбедат одредено ниво на заштита.
Претходно, на иста тема се осврна и директорката на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала, која изјави дека иако не се согласува со едностраните потези на САД, се согласува со многу од нивните критики кон трговскиот систем.
„Системот не се развиваше, не се менуваше брзо и не реагираше соодветно на светските промени. Некои од критиките дека не функционира добро се основани“, призна таа.
Сепак, таа нагласи дека:
„И покрај огромните пореметувања и најголемото поткопување на глобалните трговски правила во последните 80 години, системот покажува отпорност.“
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.

