Свет
Од идната година струјата ќе поскапи за 18 отсто
Најмалку 18-20 проценти поскапа струја ќе плаќаме од почетокот на идната година, покажуваат првичните пресметки.
Стручњаците тврдат дека е неопходна повисока цена на електричната енергија
Најмалку 18-20 проценти поскапа струја ќе плаќаме од почетокот на идната година, покажуваат првичните пресметки. Според некои калкулации, пак, доколку од старт се оди со 18-процентно поскапување, а не во идните шест години со по два и пол процента, за да се дојде до процентот со вредност 18, вредноста на ЕСМ ќе биде двојно повисока пред приватизацијата. Овие согледувања беа изнесени на работилницата на тема ,,Реформи во електроенергетскиот секторри, што се одржа викендов во Маврово.
Професорот Методија Несторовски посочи дека поскапувањето е неминовно, без оглед на тоа дали ќе дојде нов газда, но тоа не би требало да значи драстично повисока цена на струјата.
,,Регулиран пазар значи и регулирани цени, а не слободни пазарни цени, согласно со пишани правила и модели, што од своја страна би значело неможност за монополистичко однесувањееи, истакна Несторовски.
Според претставниците на Владата, новиот пазарен модел би требало да овозможи заштита на потрошувачите на струја пред апетитите на новиот газда, а интенцијата на Владата е да не ги преоптовари потрошувачите, не само на сметка на приватизацијата туку и самите реформи да не внесат страв кај граѓаните.
Првите пресметки за процентот на поскапувањето се очекуваат во септември, период до кој треба да се знае и конечниот модел како ќе се продава ЕСМ, производството и дистрибуцијата заедно или само дистрибуцијата.
Потенцијалните инвеститори бараат интегрална продажба, исто како и експертите.
,,Сметам дека двата система треба да се продадат во пакет. Моделот, според кој би се продавал, познат е и ќе биде според Законот за преобразба на ЕСМ, од 2004 година, кој предвидува објавување тендер со претквалификација на странски инвеститор во доминантен дел од 51 процент или повеќе и малцински дел на финансиски инвеститор. Приватизацијата на хидроцентралите може да оди со продажба на машинскиот дел или со издавање под концесија на хидрокапацитетитееи, објасни Несторовски.
Без оглед на начинот, ЕСМ мора да се продаде до март идната година, заклучија учесниците на работилницата, шест месеци пред парламентарните избори. Во спротивно, ќе мора да се чека нова Влада, што би влијаело дестимулативно и до губење на интересот на инвеститорите. Првиот претквалификациски тендер Владата го најавува за ноември оваа година.
(А.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

