Свет
Поповски не одговара на прозивки, вели дека си ја врши работата
Во расчистувањето на даночната пирамида нема да има партиски маркетинг и политички игри. Ова вчера категорично го изјави министерот за финансии, Никола Поповски, кој пред повеќе од еден месец самиот ја отвори оваа мегаданочна афера и со тоа ја разниша целата македонска бизнис-елита
Министерот тврди дека околу пирамидата нема партиски маркетинг
Поповски вели дека засега нема информации за наводна вмешаност на даночни инспектори и службеници од Управата за јавни приходи
НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА
Во расчистувањето на даночната пирамида нема да има партиски маркетинг и политички игри. Ова вчера категорично го изјави министерот за финансии, Никола Поповски, кој пред повеќе од еден месец самиот ја отвори оваа мегаданочна афера и со тоа ја разниша целата македонска бизнис-елита.
>†Јас само си ја вршам својата работа. Сите политички игри се исфрлени од Министерството за финансии, додека се работи за извршување на законите. За тој што сака да наметне каква било политичка игра, однапред кажувам дека нема да успее во тоааи. Вака вчера одговори првиот финансиер на прашањето како ги коментира неодамнешните наводи на моќниот бизнисмен, Светозар Јаневски, кој порача дека, кога веќе е отворена темата, мора што поскоро да се разјасни и да се објават сите учесници.
Во врска со изјавата на Јаневски дека во земјава не постои бизнис- олигархија, Поповски со став: †Ние не одговараме на политички прозивки. Ние си ја работиме работата за која сме платени, а тоа што го работиме редовно Ј го соопштуваме на јавностааи.
Првиот финансиер вчера одлучи да ја прифати неодамна фрлената ракавица од Јаневски, возвраќајќи му со порака дека тој сў уште ги нема намирено обврските спрема државата за откуп на винарската визба †Тиквешши. Оваа фирма се пожали дека министерот не им дозволува да го откупат долгот на †Тиквешши спрема Агенцијата за санација на банка, со обврзници од околу 8 милиони евра. Поповски на тоа вчера одговори: †Јас не сум го видел огласот. Тоа што го знам е дека новите сопственици на ‘Тиквеш’ сў уште ги немаат намирено обврските спрема државата по основа на откупот на претпријатието. Други детали не знамми, нагласи министерот.
Поповски вели дека во даночната пирамида не биле вмешани даночни инспектори и службеници од Управата за јавни приходи. †Сега засега нема такви сознанијааи, беше неговиот кус одговор.
Јавноста ја интересира зошто Управата за јавни приходи две години не реагирала во ниту една од овие фирми. †УЈП реагирала во многу голем број случаи. Сега е разликата што конечно ги фативме конците дека не се работи за поединечни случаи, туку за организиран пристап од голем број фирми кои соработувале меѓу себе. Надлежноста ја префрливме на Финансиска полиција и во МВР за тоа да го дорасчистат. Управата секојдневно соработува со овие институции во својата надлежност. Значи, треба да се направи дистинкција за некој што не плаќал редовно данок и некои што се организирале во групи од фирми со цел да избегнат на поголемо ниво плаќање даноци или да ги организираат своите активности така за да ги избегнат даноците во сите фирмиии, вели министерот.
Прашан дали ќе преземе одговорност доколку целиот случај се сведе на некои имиња кои јавноста не ги познава, тој со контраудар врз новинарите †Во Македонија, особено кај вас – медиумите, има еден интересен тренд – да не се кажува на тој што го запалил огнот, туку на тој што покажал дека гори огнот.
Треба да си ја преземат одговорноста тие што не ги плаќале даноците со години наназад. Јас се борам против тоааи, рече Поповски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

