Свет
Пациентите чекаат тендер за да испитаат крв
На скопските клиники недостигаат реагенси неопходни за лабораториските испитувања, се жалат пациентите. Се кубури со тумор-маркери, тестови за хормонски испитувања и со реагенси за поспецифични анализи на крвта.
НЕМА РЕАГЕНСИ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР
На скопските клиники недостигаат реагенси неопходни за лабораториските испитувања, се жалат пациентите. Се кубури со тумор-маркери, тестови за хормонски испитувања и со реагенси за поспецифични анализи на крвта. Се користат резервите од остеосинтетички материјал – плочки, шрафови, кои се неопходни во случаи на скршеници на екстремитетите. Во Управата на Клиничкиот центар потврдуваат дека недостигаат одредени реагенси зашто при набавките мора да се почитуваат законските процедури и затоа доцнат тендерите.
Скопјанец, кој пред неколку месеци се оперирал од карцином на дебелото црево, не можел да направи редовна контрола.
– Ми рекоа дека моментно нема тумор-маркери. Јас не можам да чекам и затоа си отидов во приватна лабораторија. Но таму морав да платам полна цена на услугата, а не партиципација како во јавното здравство – тврди пациентот.
Директорот на Клиничкиот центар Андреја Арсовски објаснува дека доцнат донесувањето и усвојувањето на плановите. Доцни и спроведувањето на тендерите.
– Ако не сакате криминално да се набавува, мора да ги почитуваме тендерските процедури, кои се во тек. Некои набавки порано се вршеле со ексклузивитет – преку директна спогодба. Ние така не сакаме да работиме. Зголемен е и бројот на биохемиски услуги, кој го надминува планираниот обем на работа во првите шест месеци. Но, основните испитувања во лабораториите се прават. Коментарот дека Клинички заличува на селска болница, каде се упатуваат најголем број пациенти од целата земја, е делумно вистинит. За жал, во некои делови ќе станеме и селска болница. Но некогаш недостигот е “вештачки” и се актуализира поради одредени интереси – тврди директорот Арсовски.
Тој потврдува дека на некои клиники нема материјали за лабораториски испитувања.
– Не недостигаат сите, туку само некои реагенси. Набавуваме она што е ургентно. Испитување на хормони, на пример, не е од итен карактер. За тумор-маркерите постои заблуда дека ако ги нема – не може да се дијагностицира карцином. Оваа болест веродостојно се потврдува со други методи, како што е биопсија. И за ова испитување нема еден дел од реагенсите. Уште една заблуда е за анализа на хемостаза на крвта. Се знае дека оваа анализа мора да се прави кај пациенти кај кои постои какво било сомневање дека им е нарушена циркулација на крвта. Кај други болни таа не се прави- објаснува Арсовски.
Тој се надева дека во јули снабдувањето во Клиничкиот центар ќе се нормализира.
Неодамна Управата на центарот го одби предлогот на Фондот за здравство секоја клиника одделно да се финансира. Раководството предложило централизирано финансирање на оваа институција, која брои околу 20 клиники – Фондот да префрла пари на клиничкиот центар, а оттаму ќесето да се одврзува за секоја клиника одделно.
– Посебното финансирање на клиниките би предизвикало распад на Клиничкиот центар – предупреди Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

