Свет
Запленети шест тони свинско месо од Бразил
Полицијата запленила шест тони свинско месо по потекло од Бразил, во косовски камион во близина на скопското село Бањани, завчера околу 21.20 часот, соопшти полицијата.
Полицијата запленила шест тони свинско месо по потекло од Бразил, во косовски камион во близина на скопското село Бањани, завчера околу 21.20 часот, соопшти полицијата.
Во акцијата се уапсени Е.Е. (34) од скопското село Танушевци, кој го возел камионот марка „матерус“, и неговите сопатници А.Е. (22) од селото Мојанци и Џ.М.(23) од Скопје, против кои ќе бидат поднесени кривични пријави за шверц и царинска измама.
Полициската истрага утврдила дека месото било натоварено во селото Танушевци, откако претходно нелегално било внесено од Косово. Шверцерите сакале замрзнатото месо да го дистрибуираат во Скопје и во други населени места за продажба.
Републичката ветеринарна управа утврдила дека станува збор за месо што потекнува од Бразил, за што бил направен и записник. Полицијата презема дополнителни активности за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото+видео) Разорен земјотрес со јачина од 6,8 степени ја потресе Куба по неколку урагани и долги прекини на струја
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Куба, по неколкуте урагани и долги прекини на струја кои оставија многумина на островот да живеат во страв и неизвесност.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 40 километри јужно од Бартоломе Масо, Куба, според извештајот на Геолошкиот институт на САД.
Татнежот се почувствувал низ источниот дел на Куба, вклучително и во поголемите градови како Сантијаго де Куба.
First images and videos from the M6.8 earthquake in Cuba.#cuba #earthquake pic.twitter.com/V4nNszv5RT
— Light Beings Observer (@BeingsObserver) November 10, 2024
Американскиот национален центар за предупредување од цунами соопшти дека не се очекува опасност од цунами како резултат на овој земјотрес.
Земјотресот доаѓа за време на еден тежок период за Куба.
Во средата, ураганот Рафаел од трета категорија ја зафати западна Куба, при што силните ветрови уништија стотици домови, принудувајќи евакуација на стотици илјади луѓе. Неколку дена подоцна, голем дел од островот пак остана без струја.
Неколку недели претходно, во октомври, островот, исто така, беше погоден од прекини на струја кои траеја со денови, како последица на енергетската криза на островот.
Набргу потоа Куба беше погодена од силен ураган кој го погоди источниот дел на островот и уби најмалку шест лица.
Свет
(Фото) Синот на Трамп го исмева Зеленски: „Ви остануваат уште 38 дена пред да го изгубите џепарлакот“
Доналд Трамп Јуниор, син на новоизбраниот американски претседател, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се потсмева на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но можеби и откри што ќе прави неговиот татко кога официјално ќе ја преземе функцијата претседател на 20 јануари.
Имено, синот на Трамп објави видео на кое се гледа Зеленски , со порака: „Ви остануваат уште 38 дена пред да го изгубите џепарлакот“.
На видеото се гледаат Трамп и Зеленски, како и банкноти од долари како паѓаат пред претседателот на Украина.
Синот на Трамп откри каков е планот за Украина?
Од победата на Доналд Трамп на изборите во Америка се шпекулира каква ќе биде неговата политика кон Украина, многумина веруваат дека неговиот син штотуку ја открил.
Трамп во својот победнички говор рече дека неговата цел е да ги запре војните, но не прецизираше како планира да го направи тоа.
Во меѓувреме, високиот советник на Републиканската партија Брајан Ланза изјави дека Украина ќе мора да се согласи на отстапки, како и дека „Крим повеќе не постои“.
Тоа е украинскиот полуостров кој беше илегално припоен од Русија во 2024 година.
Од кабинетот на Трамп беше соопштено дека се оградуваат од овие изјави и дека тоа не е официјален став на новоизбраниот американски претседател.
Администрацијата на Бајден забрзано испраќа помош за Украина
Во очекување на новиот мандат на Трамп, Соединетите Американски Држави ќе испратат повеќе од 500 офанзивни ракети пресретнувачи во Украина во наредните недели, со што ќе се забрза испораката на воена помош, објави „Волстрит џурнал“.
Цитирајќи неименуван функционер на Пентагон, њујоршкиот весник наведува дека пред претседателските избори во САД, на кои поранешниот републикански претседател Доналд Трамп го победи својот демократски ривал, американскиот потпретседател Камала Харис, американската администрација имала за цел да го достави остатокот од својата помош за Украина до април.
Испораката на ракети-пресретнувачи за противвоздушните системи Патриот и Националниот напреден ракетен систем земја-воздух (NASAMS) треба да ги задоволи потребите за воздушна одбрана на Украина до крајот на оваа година.
Трамп разговараше со Зеленски
Милијардерот Илон Маск се приклучил на телефонскиот разговор меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјавија два извори за Аксиос.
Според изворите, разговорот се одвивал во средата и траел околу 25 минути, а Трамп истакнал дека ќе ја поддржи Украина, иако лидерите не го допреле прашањето за испраќање дополнителна помош за Киев од САД или планот на Трамп за примирје.
Трамп претходно ги критикуваше пакетите со помош на САД за Киев, а за време на кампањата одби да каже дали сака Украина да победи во војната против Русија.
Свет
Десетици убиени и ранети во напади во северниот дел на Газа, Израел тврди дека мета биле терористи
Десетици луѓе се убиени и ранети во израелски напад во неделата во мугрите на куќа во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските лекари.
Жителите велат дека била погодена зграда во која живееле најмалку 30 луѓе.
Министерството за здравство на Газа не го прецизираше бројот на жртвите.
Подоцна израелската армија објави дека нападнала цел во Џабалија од која „оперирале терористи“.
„Тие терористи претставуваа закана за израелските сили (IDF) кои дејствуваат во областа. Деталите се проверуваат“, соопшти израелската војска.
Обидите да се постигне примирје меѓу двете завојувани страни досега беа неуспешни.
Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за неуспех на преговорите.
Хамас бара договор што ќе стави крај на војната и ќе вклучи размена на затвореници за заложници, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека војната ќе заврши само кога Хамас ќе биде искорен.