Контакт

Свет

Дали факултетската диплома на генералниот секретар на ФФМ е фалсификат?

Објавено пред

Дали е на повидок голема афера во Фудбалската федерација на Македонија која сигурно ќе предизвика нови потреси во куќата на фудбaлот.

dobivaj vesti na viber

МИОДРАГ МИЦКОВИЌ

Дали е на повидок голема афера во Фудбалската федерација на Македонија која сигурно ќе предизвика нови потреси во куќата на фудбaлот. Според информациите што се појaвија во еден дневен весник, генералниот секретар на ФФМ, Лазар Митровски, со помош на фалсификувана диплома за завршеното високо образование на Електротехичкиот факултет во Сараево и се здобил со звање дипломиран инженер по електротехника и телекомуникации бил избран на оваа висока функција во македонскиот фудбал.

Авторот на пошироката информација тврди дека на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во источно Сараево таква насока, со кој Митревски ја поседува титулата инженер воопшто не постои. Покрај тоа, овој факултет никогаш не доделувал звање дипломиран инженер по електротехника и телекомуникации.

Според истиот извор, дипломата под број 6124 од 16 декември 1986 година никогаш не била издадена на овој факултет.

Дознаваме дека по телефонската проверка од некои извори испратениот допис за фалсификуваната диплома на Лазар Митровски е валидна и дека таков допис е издаден по барање, не се знае чие, бидејќи тоа никаде не се спомнува во објавената информација.

По трагите на оваа информација, која предизвика големо интересирање кај љубителите на фудбалот, се обидовме да стапиме во контакт со генералниот секретар Лазар Митровски и со претседателот на ФФМ, Хари Хаџиристески, но и двајцата моментално во Париз како гости на Француската фудбалска федерација на свеченото отворање на куќата на фудбалот во главниот град на Франција по покана од Мишел Платини, кандидат за претседател на УЕФА. И двајцата беа недостапни на своите мобилни телефони, но на сајтот на ФФМ ја прочитавме изјавата на Лазар Митровски, кој вели:

„Моментално сум во Париз со претседателот на ФФМ, Хари Хаџиристески. Не сум запознат во детали со објавената информација во дневниот спортски весник „Македонски спорт“, но можам да изјавам дека ова е нова фабрикувана афера од поединци кои не избираат средства да го урнат угледот на ФФМ и мојот личен. Дали мојата диплома е фалсификат, за тоа треба да утврдат надлежните органи кои лесно можат да ја проверат вистината“.

Инаку, да потсетиме со оваа диплома што ја поседува, Лазар Митровски, пред да стане генерален секретар на ФФМ, повеќе од 10 години беше професор во Средното техничко училиште во Скопје.

Со оглед дека претседателот Хари Хаџиристески е отсутен од Македонија, го побаравме потпретседателот Реџеп Беџети.

Дали дипломата на Лазар Митровски е фалсификат или не, тоа треба да го истражат надлежните органи. Ние во Управниот одбор на ФФМ не можеме да го тврдиме тоа или не. Кога Митровски и Хаџиристески ќе се вратат од Париз, сигурно ќе биде свикан Управниот одбор за да се разгледа целата оваа ситуација.

Дали ФФМ ќе побара од органите на МВР да се вклучат во целиот овој случај?

Обвинувањата се мошне тешки, за фалсификат се оди в затвор, мораме да бидеме внимателни, детаљно да се испита целата оваа работа. Во прашање е не само угледот на Лазар Митровски и неговото семејство, туку и угледот на целата Фудбалска федерација.

Беше интересно да се слушне и мислењето на тогашниот претседател на Кадровската комисија на ФФМ, членот на Управниот одбор, Ставре Николовски, кој ги разгледуваше поднесените документи на Митровски како еден од кандидатите за функцијата генерален секретар. Николовски повеќе не е член на Управниот одбор на ФФМ во новиот состав:

– Колку што се сеќавам за местото генерален секретар конкурираа девет кандидати. Јас тогаш, па ниту денес не можам да тврдам дали дипломата што ја поднесе Лазар Митровски од Електротехничкиот факултет во Сараево била фалсификат или не. Ниту сум јас, па и другите членови на Комисијата се стручни да го утврдиме тоа. Му предложив на Управниот одбор сите девет кандидати да одат на гласање. Тогаш за генерален секретар беше избран Лазар Митровски.

Колку што се сеќаваме, Вие единствено гласавте против неговиот избор?

– Не поради дипломата, таа за мене не беше спорна, туку поради еден услов кој се бараше во конкурсот, а кој Митревски не го исполнуваше. Се бараше кандидатот да има најмалку пет години искуство на некоја раководна функција. Митровски достави потврда дека повеќе од пет години бил класен раководител во училиштето, што јас не го признавам тоа. Затоа бев против неговиот избор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Тринаесетгодишно момче нападна двајца врсници во Лондон со нож: уапсен е во џамија

Објавено пред

Тринаесетгодишно момче уапсено под сомнение дека избодел двајца ученици во средното училиште Кингсбери во Лондон е поранешен ученик во училиштето, потврди полицијата. Двајцата нападнати ученици, на возраст од 12 и 13 години, се префрлени во болница и се во сериозна состојба. Настанот не се третира како терористички напад, пишува „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Главната началничка Хелен Фланаган им изјави на новинарите дека се верува дека осомничениот тинејџер, британски државјанин, влегол во училишната зграда во Брент, северозападен Лондон, и се упатил кон училница на првиот кат.

„Тој влегол во училницата и веруваме дека додека влегувал низ вратата, испрскал ученик со некоја супстанца“, рече Фланаган.

„Потоа осомничениот нападнал друг ученик во училницата, 13-годишник, и го избодел. Потоа избегал, трчајќи по училишниот ходник“, додаде таа. „Додека бегаше, тој нападнал друга жртва, 12-годишно дете, кое исто така го избодел пред да избега од училиштето“, рече таа.

Уапсен во џамија
Полицијата и службите за итни случаи биле повикани околу 12:40 часот, а по обемна потрага, осомничениот бил уапсен кратко по 18 часот. Според началникот Фланаган, дојавата од јавноста била клучна. „Еден граѓанин се јавил во полиција околу 16:50 часот, загрижен за тинејџер што го видел во џамија во северозападен Лондон“, објасни таа.

„Полициските службеници брзо пристигнале и уапсиле 13-годишно момче под сомнение за обид за убиство. Тој останува во притвор. Во овој момент, не веруваме дека осомничениот има каква било посебна врска со џамијата и веруваме дека веројатно бил таму случајно. Сите во џамијата дадоа огромна поддршка на истрагата“, рече Фланаган.

Иако нападот го истражуваше полицијата за борба против тероризмот вчера, инцидентот не е прогласен за терористички инцидент, соопшти полицијата. Во писмо до родителите, директорката на училиштето изјави дека станува збор за „длабоко трауматичен настан за целата училишна заедница“. Министерката за внатрешни работи го опиша нападот како „шокантен“.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Првпат слушам за 24 февруари како датум на избори во Украина

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави, коментирајќи ги извештаите на некои медиуми, дека за прв пат слушнал оти датумот на изборите во Украина може да биде 24 февруари и нагласи дека одржувањето на изборите зависи од безбедносната состојба.

dobivaj vesti na viber

Како што објави Укринформ, претседателот на Украина го кажа ова на новинарите коментирајќи ја информацијата на „Фајненшл тајмс“ за наводната намера да се објави датумот на претседателските избори и референдумот за територијален интегритет на 24 февруари.

„Во врска со изборите и намерата да се објави датумот на 24-ти, ова е прв пат што го слушам тоа. Веројатно првпат го слушнав од „Фајненшл тајмс“. Сега го слушам од вас по втор пат. Второ, многу пати зборував за изборите – ќе дојдеме до нив кога ќе ги има сите потребни безбедносни гаранции“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.

Претседателот на Украина додаде дека прашањето за избори повремено го поставуваат некои партнери, но дека Украина никогаш самата не го иницирала ова прашање.

„Без сомнение, ние сме подготвени за избори. Јас го кажав тоа: само обезбедете прекин на огнот – ќе има избори. Тоа е безбедносно прашање“, додаде тој.

Зеленски, исто така, изјави дека САД ја покренале темата за изборите, но не сакаше да даде детали.

Фајненшл тајмс, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Украина се подготвува за претседателски избори и референдум за мировен договор со Русија, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара организирање на гласањето до 15 мај, заканувајќи се во спротивно дека ќе го условува Киев со негирање на безбедносните гаранции, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Свет

Макрон: Единственото решение е Европа да стане независна сила

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон денес во Антверпен изјави дека „единственото“ решение за економските закани што ги претставуваат Кина и Соединетите Американски Држави е Европа да стане независна сила.

dobivaj vesti na viber

„Ни треба нова скала и нова брзина во нашиот пристап за да се стави крај на фрагментацијата што ја ослабува и ризикува да ја понижи Европа“, им рече Макрон на бизнис лидерите во Антверпен, Белгија, објавија француските медиуми.

Францускиот претседател повторно ја лансираше идејата за „еврообврзници“, заеднички европски обврзници за финансирање на големи инвестиции и Европа да остане конкурентна со Пекинг и Вашингтон.

„Ако сакаме да инвестираме доволно во одбраната и вселенската безбедност, чистите технологии, вештачката интелигенција и квантното пресметување и да ја трансформираме нашата продуктивност и конкурентност, единственото решение е да се издаде заеднички долг“, додаде Макрон.

Оваа идеја за заеднички европски долг ја застапува Франција со години, но други земји, вклучително и Германија, постојано ја отфрлаат.

„Никогаш не сме живееле во ваков период. Затоа, мора да прифатиме преземање клучни мерки што не се многу вообичаени во традиционалните европски алатки за мерки“, рече Макрон.

Францускиот претседател рече дека Европа е во вонредна ситуација и додаде дека сите треба да бидат свесни за ова бидејќи наскоро ќе биде предоцна.

Макрон, исто така, ги повика земјите кои се подготвени да ги спроведат реформите на единствениот европски пазар предложени од Комисијата, да ја зајакнат соработката, со цел што поскоро да се постигне напредок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија13 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија14 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија15 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ16 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија18 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија19 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија19 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија19 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа19 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет19 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет21 час

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет21 час

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет22 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет22 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија2 дена

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...