Свет
Јанакиески сам нека го урива Шпанско село
Петров му предлага на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ако не е задоволен од ставот за стопирање на акцијата за уривање на Шпанско село, да ги одземат ингеренциите на Општината и самите да ги уриваат дивоградбите
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРОВ ПОРАЧУВА
Петров му предлага на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ако не е задоволен од ставот за стопирање на акцијата за уривање на Шпанско село, да ги одземат ингеренциите на Општината и самите да ги уриваат дивоградбите
Градоначалникот на Општина Карпош Андреј Петров цврсто е решен да ги легализира дивоградбите во Шпанско село, а ако Владата толку сака да се урнат овие куќи, тоа да го сторат самите. Петров му предлага на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ако не е задоволен од нивниот став за стопирање на акцијата за уривање на Шпанско село, да и ги одземат ингеренциите на Општината и самите да ги урнат дивоградбите.
"Ако Владата сака вистински да ги урне куќите на Долно Водно, тогаш нека ни ги одземат ингеренциите, како што Министерството за образование си ги врати во своја надлежност неколкуте основни училишта, и слободно нека уриваат. Ама ни тие не сакаат вистински да се урнат овие куќи туку, преку Општина Карпош, собираат поени кај народот, во една фингирана борба против урбаната мафија. Не е во ред граѓаните да страдаат поради политички препукувања", рече градоначалникот Андреј Петров.
Петров смета дека дивоградбите во Шпанско село треба да се легализираат бидејќи се единствените домови на овие луѓе, во кои тие живеат со години, на имот кој ним им припаѓа. Таму, според него, нема луксузни хациенди туку скромни индивидуални домови, колипки и шупи, кои не можат да се карактеризираат како случај на урбана мафија.
Од Министерството за транспорт и врски избегнаа да одговорат на прашањето дали ќе ја прифатат понудата на Општина Карпош тие да го уриваат Шпанско село. Од таму и вчера го потврдија ставот дека случајот Шпанско село целосно е во рацете на градоначалникот Андреј Петров, и очекуваат тој во најбрз можен рок да ги урне нелегално изградените луксузни објекти за што доби пари од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

