Свет
Кедев земал пари од веледрогерија

Фирмата "Интермедикал ди Богдановиќ Данило" пред 4 години на директорот на Клиниката за кардиологија Сашко Кедев му платил за престојот во американски хотел, тврди портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ
СДСМ ОБВИНУВА ДЕКА СОВЕТНИКОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА ПРЕМИЕРОТ Е ИНВОЛВИРАН ВО КОРУПЦИСКА АФЕРА
Фирмата "Интермедикал ди Богдановиќ Данило" пред 4 години на директорот на Клиниката за кардиологија Сашко Кедев му платил за престојот во американски хотел, тврди портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ
СДСМ вчера го обвини Сашко Кедев, главниот советник за здравство на премиерот Никола Груевски, за корупција. Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ, тврди дека Кедев во 2003 година како директор на Клиниката за кардиологија набавувал, со непосредна спогодба, стентови "нироsал" преку фирмата "Интермедикал ди Богдановиќ Данило" со седиште во Италија. Тој презентираше и документи за бројните набавки на Кедев, реализирани преку веледрогеријата "Здравец" од Скопје.
Станковиќ објави банкарски извод од кој се гледа дека фирмата "Интермедикал ди Богдановиќ Данило" префрлила средства на приватната сметка на Кедев во Стопанска банка. "Овие пари биле за да се покрие престојот на Кедев во луксузниот хотел ‘Плаза’ во Вашингтон", тврдеше Станковиќ.
Кедев како пратеник тогаш морал да пријави подарок поголем од 100 евра, а тој тоа не го сторил, иако вредноста на донацијата била 1.000 евра.
СДСМ се сомнева дека на сметката на Кедев легнале поголеми пари, ако се има предвид дека тој постојано одбивал да потпише изјава за откажување од заштитата на банкарска тајна, иако тоа двапати било побарано од Комисијата за спречување на корупцијата.
Опозицијата очекува кон Кедев власта да постапи исто како во случајот на докторот Дејан Докиќ, со оглед на тоа дека тој е актуелен директор на Клиниката за кардиологија и редовно спроведува јавни набавки.
СДСМ повика за случајот да се интересира Антикорупциската комисија, а УЈП да го контролира имотот на Кедев.
Директорот Сашко Кедев вчера ги демантираше наводите на СДСМ дека примил мито од веледрогерија. "Ги демантирам сите тие наводи. Ова е обид да се дефокусира вниманието на јавноста од крупните реформите што претстојат во здравството", вели Кедев.
Тој тврди дека зад ваквите напади стојат структури од бизнисот со лекови поврзани со СДСМ, кои лично ќе бидат засегнати од реформите. Н.С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Mерц: Русија ги загрози човечките животи во земја-членка на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор со борбени беспилотни летала и ја осуди Русија за провокации.
„Русија се закани со човечки животи во земја која е членка на Европската Унија и НАТО“, објави Фридрих Мерц.
Канцеларот изјави дека денешната „неодговорна акција“ е уште една во долгата низа провокации во балтичкиот регион и источното крило на НАТО.
„Германија остро ја осудува оваа агресивна руска акција“, се вели во соопштението за медиумите.
Мерц верува дека е добро што Полска и партнерите од НАТО брзо ја забележаа, реагираа и ја отстранија опасноста.
„НАТО е и останува подготвен да се брани“, заклучи Мерц.
Пред тоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објасни во Бундестагот дека нема причина да се верува дека станува збор за грешка во управувањето со беспилотните летала.
Свет
Германскиoт министер за одбрана: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руските беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор биле „јасно насочени на тој начин“.
Писториус ја отфрла можноста за случајна грешка.
Одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот во Берлин, Писториус рече: „Нема причина да се сомневаме дека станува збор за корекција на курсот, грешка или нешто слично“.
Тој нагласи дека ова покажува како тие се „постојано изложени на закани од провокации“ од руските сили – во Балтикот од морето, а за Централна Европа преку „хибридни напади“ или летови како овие дронови.
Свет
Поплави на Бали, најмалку девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела убија најмалку девет лица, ги блокираа главните патишта во главниот град и го нарушија животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.
Силните дождови помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа големи поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.
Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијањар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.
Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните куќи се сè уште поплавени, соопшти агенцијата.
И. Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, изјави дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и додаде дека пристапот до меѓународниот аеродром, кој се наоѓа недалеку од Денпасар, е ограничен бидејќи по патиштата можат да се движат само камиони.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на раководителот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни интервенции таму и да ги гарантира основните потреби на населението.