Свет
Над 700 тужби против Македонија чекаат правда во Стразбур

Само за три месеци од 2007 година судот
во Стразбур досудил две пресуди на штета на државата, а
една од тужбите против Македонија била отфрлена како неоснована
СПОРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Само за три месеци од 2007 година судот
во Стразбур досудил две пресуди на штета на државата, а
една од тужбите против Македонија била отфрлена како неоснована
Над 700 тужби против Македонија годинава чекаат судска разврска пред
Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Се очекува тужбите да бидат
разгледани до крајот на 2007 година. Иако голем дел од тие тужби ќе бидат
отфрлени, најчесто поради нецелосна документација, сепак, статистиката покажува
дека расте бројот на пресуди против државата пред судот во Стразбур.
Македонски државјани се’ почесто ја тужат државата во Стразбур за кршење на
човековите права, незадоволни што македонските судови со години не можат да
донесат правосилна одлука. Најновата анализа на Европскиот суд покажува дека за
годинава има 726 тужби во кои е тужена државата Македонија. Само за три месеци
од 2007 година судот во Стразбур досудил две пресуди на штета на државата, а
една од тужбите против Македонија била отфрлена како неоснована.
Според судијката Маргарита Цаца-Николовска, судија во Европскиот суд, бројката
на тужби против Македонија е голема ако се земе предвид бројот на жители во
државата.
Во минатата година судот во Стразбур пресудил дури 8 случаи против Македонија.
Ако се споредат податоците со изминатите осум години, тогаш ќе се утврди дека
лани биле донесени над 60 отсто од сите пресуди против Македонија.
Првата пресуда против државата била донесена во 2001 година. Во наредната
година имало еден случај на спогодбена одлука меѓу државата и тужителот.
Оттогаш дури три години Македонија не загубила ниту една тужба пред судот во
Стразбур. Во 2005 година Европскиот суд четири пати и’ пресуди на бавната
правда на македонските судови. Двојно повеќе пресуди Македонија загуби лани.
Според македонскиот Хелсиншки комитет, загубените пресуди во 2006 година
Владата на Македонија ќе ја чинат околу 90.000 евра.
БАВНОТО СУДСТВО ЈА ПРАЗНИ ДРЖАВНАТА
КАСА
Најчеста причина поради која македонските граѓани се одлучуваат да ја тужат
сопствената држава е неефикасноста на судскиот систем. Бавното судство е
рак-рана поради која се губат предмети во Стразбур, тврдат и во државниот
Управен инспекторат.
– Најчесто апликантите од Македонија се жалат на должината на судските
постапки, но има тужби и по други повреди на Европската конвенција за човекови
права – вели судијката Маргарита Цаца-Николовска.
Во Хелсиншкиот комитет на Македонија велат дека одолжувањето на судските
постапки во Македонија најчесто е поради бавноста во одлучувањето на Врховниот
суд. Во Комитетот тврдат дека основните проблеми се пасивноста на органите на
судската власт, лошата организација на судството, пинг-понг со судските
предмети, неажурност и други проблеми.
– Европскиот суд нема утврдено точно колку време е потребно да помине пред
донесување конечна судска одлука за една постапка да се води како судење во
неразумен рок. Судот, сепак, има воспоставено стандарди во делот на повреда на
правото на судење во разумен рок, кое е условено од вкупното траење на
постапката – вели Јелена Јовановска-Брезоска, надворешна соработничка на
Комитетот.
СЕ ЧЕКА ОДЛУКА ЗА ТУЖБИ ОД
2001 ГОДИНА
Доказ дека и Европскиот суд за човекови права во Стразбур долго време ги решава
процесите против државите е фактот што пред судот во моментов се одлучува за
тужби од 2003 и 2004 година, но има и голем број преостанати предмети од 2001
година.
Двата предмета против Македонија за кои годинава беше одлучено потекнуваат од
2001 година. Во првиот случај, Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја
осуди Македонија на парична казна од над 12.000 евра за полицискиот ќотек врз
штипјанецот Јашар Перушан, што се случил пред седум години. Во вториот случај,
пензионерот Томислав Доцевски (74) од Куманово доби спор против државата
бидејќи Врховниот суд на Македонија осум години одлучувал дали тој може да
добие поголема пензија од онаа што му ја доделил Фондот за пензиско и
инвалидско осигурување. Судот во Стразбур нему му досуди 3.600 евра за
нематеријална отштета, а остатокот од неговите барања биле отфрлени.
Се очекува бројот на тужби против Македонија да расте во наредните години.
Александар Манасиев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Украина и Русија разменија заробеници

Украина и Русија денес одржаа нова размена на воени затвореници според јунскиот договор, без да го откријат нивниот број.
Двете земји неколку пати разменија воени затвореници во последните недели, што е единствената област на соработка меѓу двете завојувани страни кои не постигнуваат напредок во мировните преговори, според медиумите.
„На 4 јули, нова група руски војници се врати од територијата контролирана од режимот во Киев“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Објави видео на кое се прикажани околу петнаесет војници опкружени со знамиња и извикуваат „Русија“ во автобус.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, ја потврди размената, велејќи дека повеќето од затворениците биле во руско заробеништво од 2022 година, вклучувајќи и цивили.
„Размените мора да продолжат. Целта на Украина е да ги ослободи сите наши сонародници притворени во Русија“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.
На 2 јуни, Киев и Москва се согласија да ги ослободат сите воени заробеници под 25 години и тешко ранетите, како и да ги вратат останките на паднатите борци, што беше единствениот позитивен исход од разговорите во Истанбул.
Двете страни неодамна престанаа да откриваат информации за ослободените затвореници.
Свет
(Видео) Трамп на митинг: Демократите ме мразат, но и јас ги мразам, не можам да ги поднесам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно предизвика бран реакции со шокантна изјава, пишуваат светските медиуми.
„Тие ме мразат, но и јас ги мразам“.
Зборувајќи на митинг во Ајова, Трамп коментираше за фактот дека демократите не го поддржаа неговиот закон, кој го нарекува „одличен, прекрасен закон“. Во таа пригода, тој рече: „Тие го мразат Трамп, но и јас ги мразам, знаете? Навистина не можам да ги поднесам. Бидејќи верувам дека ја мразат нашата земја“.
BREAKING: In a shocking moment, Trump declares that he is unable to be a President to ALL Americans, as he hates Democrats. "They hate Trump, but I hate them too. I really do, I hate them. I can’t stand them."
What a small, hateful man. pic.twitter.com/hUKIGMs9g5
— Really American 🇺🇸 (@ReallyAmerican1) July 4, 2025
Изјавата веднаш предизвика остри реакции, особено од демократската страна. Ова не е прв пат Трамп да користи слична реторика кон политичките противници. Така, неодамна го нарече демократскиот кандидат за градоначалник на Њујорк, Мамдани, „луд комунист“, според написите во медиумите.
Конгресот вчера го одобри законот на Трамп, кој демократите го нарекоа „одвратна гнасотија“. Трамп тврди дека ќе ја зајакне Америка со даночна реформа и инвестиции во војската и безбедноста, додека демократите предупредуваат на укинување на бројни социјални мерки, даночни олеснувања за најбогатите и дополнително зголемување на огромниот американски јавен долг.
Свет
Зеленски се договорил со Трамп за зајакнување на заштитата на украинското небо

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега, Доналд Трамп, се согласил да „ја зајакне заштитата“ на украинскиот воздушен простор по новиот масовен напад од страна на руски беспилотни летала и ракети.
„Разговаравме за опциите за противвоздушна одбрана и се согласивме да работиме заедно за зајакнување на заштитата на воздушниот простор“, рече Зеленски на Телеграм и додаде дека разговорот бил значаен.
Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, изјави претходно денес дека телефонскиот разговор меѓу Зеленски и Трамп „бил многу важен и богат“.
Трамп претходно разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, но немаше напредок кон прекинување на руската војна во Украина, пренесуваат светските агенции.